Николај Дурново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Николај Дурново
Николай Дурново
Роден(а)23 октомври 1876
Москва, Руска империја
Починал(а)27 октомври 1937(1937-10-27) (возр. 61)
Сандармох, Руска СФСР, Советски Сојуз
ЗанимањеЛингвист

Николај Николаевич Дурново (руски: Никола́й Никола́евич Дурново́; 4 ноември [ст. ст. 23 октомври] 1876 – 27 октомври 1937) бил руски лингвист. Бил осуден на смрт и стрелан за време на Големата чистка.

Во последната деценија на XIX и почетокот на XX век бил доста активен околу решавањето на македонското прашање. По третманот на македонското прашање Дурново спаѓал меѓу оној мал број руски научници, кои многу се доближувале до гледиштето на Мисирков, Чуповски и другите нивни едномисленици. Toj живеел во Москва и како познат научник можел да доаѓа во контакт со повеќе Македонци кои се школувале во Русија, а истовремено работеле на придобивање на руската јавност за решение на македонското прашање во полза на самите Македонци. Во 1899 година го издал научниот труд Бугарска пропаганда во Македонија и македонското прашање.