Национален научно-истражувачки компјутерски центар за енергетика (САД)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Палатата Ших Ванг е седиштето на Националниот научно-истражувачки компјутерски центар за енергетика при Националната лабораторија „Лоренс Беркли“.

Националниот научно-истражувачки компјутерски центар за енергетика (НЕРСК од англиски: National Energy Research Scientific Computing Center (NERSC)) на САД е завод со суперкомпјутер, кој е менаџиран од страна на Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ за Канцеларијата за наука при американскиот Департмент за енергетика. Како главен компјутерски центар со високи перформанси за Канцеларијата, НЕРСК има системи кои ги користат повеќе од 7000 научници во бројни национални лаборатории и универзитети низ САД. Најновиот и наголем суперкомпјутер на НЕРСК е Кори (англиски: Cori),[1] кој според TOP500 списокот од ноември 2016 година е рангиран како петти најбрз суперкомпјутер во светот. НЕРСК се наоѓа на главниот кампус на лабораторијата во Беркли, Калифорнија, САД.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Cori“. www.nersc.gov. Архивирано од изворникот на 2020-06-11. Посетено на 2020-06-15.