Култура во Јоркшир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бела роза, симболот на Јоркшир.
Картата на Јоркшир која ги покажува историските граници во Англија

Културата во Јоркшир се развила под влијание на културите на оние кои своевремено го контролирале регионот, вклучувајќи ги Келтите, Римјаните, Англите, Викинзите и Норманите. За луѓето од Јоркшир се вели дека имаат силно чувство за регионален идентитет и се смета дека посилно се идентификуваат со потеклото од нивната област отколку со она на нивната земја. Јоркширскиот дијалект и акцент е специфичен, иако со тек на време употребата на дијалектни зборови се повлекува.

Традиции и стереотипи[уреди | уреди извор]

Пример за стереотип на маж од Јоркшир е носењето на "качкет" како мдоен додаток
Човек облечен во традиционална облека и со неговиот коњ на шоуто во Otley .

Се смета дека луѓето од Јоркшир се неизмерно горди на нивниот регион и идентитет, и поради тоа го прифатиле популарниот прекар за тн. Божји округ што прв го употебил Најџел Фарндајл во насловната приказна за списанието „ Country Life “ во 1994-тата година.[1]

Најчестиот стереотип за лице од Јоркшир е дека се скржави кога станува збор за пари: а постои и една британска изрека која вели дека „Јоркширѓанец е всушност Шкотланѓанец чија дарежливост е комплетно исцедена од него“, на што се мисли дека и Шкотите се исто така скражви но не до тој степен.

Луѓето од Јоркшир честопати се стереотипизирани како пријателски настроени, но и „намќорести“,тврдоглави и склони кон расправии.[2][3] Навистина, низ историјата на регионот, датирајќи од племињата Бриганти , па низ периодот на Норманите и „ Војните на розите“, регионот забележал голем број бунтови против владетелите што не се од Јоркшир или од Северот. Токму овој стереотип е наведен во поговорката „Секогаш може да му се обратите на Јоркширѓанец, но не можете да му кажете многу“.

Дел од социјалните стереотипи имале тенденција да ги асоцираат носењето качкет и ловечко куче како сликатата за типичен Јоркширѓанец ; но ова е поврзано секако со животот во рурална средина. Додека стереотипите не секогаш се вистинити, може да се каже дека регионот има голема рурална историја; и многу од градовите во Западен Јоркшир се развиле делумно благодарение на индустријата за волна . Друг стереотип кој често се слуша во врска со работниците од Јоркшир е поговорката „каде што има ѓубре, има и месинг“; ова се однесува на широко распространетиот став дека таму каде што некој е подготвен да извршува непријатни работи како професија, може да заработи многу пари.[4]

Тајк или Јорки е колоквијализам што се користи за идентификување на Јоркширскиот дијалект. Првично „тајк“ бил многу погрден збор, што значи „сурово неразумно, "лошо израснато" лице без култура или префинетост“; кое своевремено било употребувано од од оние на југот,[5] но како инает на негативните конотации зборот бил усвоен локално, добивајќи ново значење.[6]

"Long Sword" или танчерите со долги мечеви

Меѓу уникатните традиции во Јоркшир е танцот со долги мечеви, традиционален танц кој не се наоѓа на друго место во Англија. Најпознатата песна на Јоркшир е On Ilkla Moor Baht 'at која се смета за неофицијална химна на регионот.[7] Во чест на својата култура, Денот на Јоркшир се слави секоја година на 1 август почнувајќи од 1975-тата.

Храна и пијалок[уреди | уреди извор]

Кујната во Јоркшир и воопшто во Северна Англија е позната по јадењата со многу состојки, особено кога се работи за слатки десерти. Подолу е список на храна која или потекнува од Јоркшир или е силно поврзана со неа.

Јоркширски пудинзи, како дел од традиционалното неделно печење.
  • Јоркширскиот пудинг - најпознатиот елемент на храната во Јоркшир, кој обично се служи со печено говедско месо, зеленчук и компири, за и самиот да биде дел од стандардното печење во недела, кое е традиција на регионот. Во повеќето случаи самиот сок од печењето се сервира како сос.

Во својата традиционална форма, ова јадење е доволно големо за да се наполни цела чинија.

Може да се послужи и како солено јадење со кромид и зачини како дел од мешавината, но исто така може да се сервира и со џем.

  • Јоркшир пецивото со сурутка е рецепт кој датира уште од 1750-тата, уникатен поради употребата на тн. Розова вода .[8][9]
  • Паркин - слатка торта од ѓумбир што се разликува од стандардните колачи со ѓумбир по тоа што во составот вклучува овесна каша и вид на сируп, како дел од традиционалниот рецепт.[10]
  • Лебот со ѓумбир, односно варијантата од Јоркшир има слој од кристализиран ѓумбир во средината, наместо струготини од ѓумбир.[11]
  • Сирењето Венслидејл - сирење со потекло од Венслидејл во Северен Јоркшир; локалните пасишта се оние кои всушност му даваат уникатен вкус.
  • [ потребно е цитирање ]Пиво со ѓумбир - пијалок со вкус на ѓумбир, кој датира од средината на 1700-тите.

Од 1700-тите години наваму, Јоркшир, а особено градот Јорк, бил седиште на неколку фабрики за чоколади или компании, формирајќи важен дел од кондиторската индустрија и сега со глобално познати производи.[12][13] Овие вклучуваат:

  • Роунтри (Јорк) - ги произведува Kit Kat, Smarties, Aero, Fruit Pastilles, Black Magic и Polo. .
  • Terry's (Јорк) - произведено како Terry's Chocolate Orange, York Fruits, Neapolitans и Terry's All Gold
  • Thorntons (Шефилд) - производи во областа на луксузно чоколадо како што се чоколадни тартуфи .
  • Bassett's (Шефилд) - кој случајно ги измислиле сладоледите со ликорис во 1899-тата година.
  • Mackintosh's (Халифакс) - ги произведуваат бонбоните Quality Street и тофи.
  • AL Simpkin & Co. Ltd (Шефилд) - Ги произвеле првите херметичко затворени слатки во форма на глукоза.

Спорт[уреди | уреди извор]

Јоркшир одиграл многу важна улога во развојот на спортот, а во некои спортови станале и светски познати. Спортот е навистина важен во модерната култура на овој регион. Главните спортови се фудбал, крикет и рагби .

На Олимписките игри во Лондон 2012-та година, натпреварувачите од Јоркшир освоиле 7 златни медали, 2 сребрени и 3 бронзени. Ако Јоркшир е третиран како земја, ќе бил дванаесетти на вкупната табела за медали.[14]

Крикет[уреди | уреди извор]

Херберт Сатклиф, крикет играч .

Клубот за крикет Јоркшир го претставува првокласниот крикет кој го игра во земјата или на интернационално ниво. Се натпреварува во окружниот шампионат против 17 други, играјќи на домашен терен Хидингли, Лидс .[15] и повремено Норт Марин Роуд Гаунд, Скарборо. Јоркшир е убедливо најуспешен во историјата на шампионатот: ја освоиле титулата 32 пати. Нивниот најголем конкурент во постигнати титули е Surrey, кој го има освоено 19 пати.[16]

Се смета дека првиот клуб за крикет во Јоркшир бил клубот Шефилд Крикет, основан во 1751-та година. Некои играчи од Јоркшир се високо признати во општата историја на спортот, вклучувајќи ги Херберт Сатклиф, Сер Леонард Хатон, Вилфред Родос, Џорџ Херберт Хирст, Фред Труман и Џофри Бојкот .[17] .[18]

Фудбал[уреди | уреди извор]

Бразилската легенда Пеле (лево) во Шефилд во ноември 2017-та година, одбележувајќи ја 150-годишнината од најстариот фудбалски клуб во светот, Шефилд ФК [19]

Јоркшир е официјално признат од ФИФА како родно место на клупскиот фудбал, бидејќи Шефилд ФК кој е основан во 1857-та година е признат како најстариот фудбалски клуб во светот [20] Јужен Јоркшир бил домаќин на првиот меѓуклупски натпревар и првото локално дерби на 26 декември 1860 година; помеѓу Шефилд ФК и Халам ФК .[21] Јужен Јоркшир е дом и на она што е признаено од Гинисовата книга на рекорди како најстариот пат во светот, патот Сандигејт .[22]

Рагби[уреди | уреди извор]

Харолд Вагстаф - принцот на центрите .

Првично клубовите од Јоркшир формирале дел од Рагби фудбалскиот сојуз кој ја покривал цела Англија под истиот код. Тие учествувале на натпревари како што се Купот на Јоркшир . Овој спорт бил популарен меѓу работничката класа на Северот, додека на југот била игра за среднате класа . Ова бил проблем во претпрофесионалната ера за клубовите во Јоркшир, бидејќи работничката класа била ограничена од потребата да заработи плата и немала толку време за рекреација; било незаконски клубовите да им плаќаат на играчите.

Други спортови[уреди | уреди извор]

Во другите спортови, луѓето од овој регионг исто така имале успех. „Принцот“ Насим Хамед од Шефилд, бил еден од најпознатите боксери во 90-тите; тој освоил светски шампионати во Петел и Перо категорија.

Јоркшир е дом на неколку значајни спортисти; Тркачот на 100 метри Дороти Хајман кој освоил три златни медали на Commonwealth игрите и еден на Европските шампионати во атлетика, а тркачот Питер Елиот исто така освоил злато. Адријан Мурхаус бил олимпиец со златен медал во пливање, извојувајќи победа на Летните олимписки игри 1988 година, а исто така освоил злато на три Европски шампионати.

Литература+[уреди | уреди извор]

Постојат неколку примери кога дела од овој регион станале значајни во литературата. Можеби најпознатата асоцијација за литература е Витби од Северен Јоркшир и делото Дракула на Брам Стокер. Кога Стокер го напишал романот, тој живеел во Витби, а таму се случуваат и делови од романот. Денес во градот има Музеј Дракула, кој го слави здружението.[23] Во однос на поезијата, еден од најпознатите од Јоркшир е Ендру Марвел кој бил познат по пишување метафизичка поезија во текот на 1600-тите и неговата асоцијација со уште неколку забележани британски поети од ерата.[24][25]

Сестрите Бронте

Сестрите Бронте - Ана, Шарлот и Емили - се жени од Јоркшир родени во Торнтон и израснати во Хаворт, Западен Јоркшир.[26] Нивните романи, напишани во средината на 1800-тите, предизвикале сензација кога за првпат биле објавени а потоа прифатени во канонот на одличната англиска литература. Меѓу најпознатите романи заслужни за сестрите се Станарката на замокот Вајлдфел на Ана, Џејн Ер од Шарлот и „ Оркански височини на Емили.

Музика[уреди | уреди извор]

Фолк музика[уреди | уреди извор]

Јоркшир има богато наследство на народна музика и народен танц, вклучувајќи го танцот со долг меч .[27] Народни песни биле собирани во регионот од 19-тиот век но било релативно недоволно развиено.[28] Дури во втората народна преродба во 50-тите години на 20-иот век, Најџел и Мери Хадлстон започнале да се обидуваат да го исправат истово, собирајќи голем број песни од Јоркшир помеѓу 1958-та и 1978-тата година.[29]

Најистакнати фолк изведувачи од регионот се Вотерсонс од Хал, кои започнал да снима преработки на народни песни од Јоркшир од 1965-тата година, а чии членови сè уште настапуваат и ден денес.[30] Познат е и музичарот роден во Лидс, Џејк Текреј, кој се прославил во 70-тите години од мина век пеејќи духовити, песни, кои црпеле инспирирацијод руралниот живот во Јоркшир, во стил сличен на францускиот шансониер .[31]

Рок и поп музика[уреди | уреди извор]

Arарвис Кокер, пејач на Pulp

Јоркшир има значајна улога и во популарната музика, почнувајќи од неконвенционалниот Артур Браун во 60-тите години на мина век. Во текот на следната деценија најпознатиот е Дејвид Боуви, чиј татко потекнувал од Тадкастер во Северен Јоркшир,[32] ангажирал тројца музичари од Хал и тоа Мик Ронсон, Тревор Болдер и Мик Вудманси ; и заедно го снимиле Ziggy Stardust and the Spiders from Mars албум кој станал светски познат.[33]

Можеби најзначајното време за музика во Јоркшир во модерната ера била локалната пост-панк сценаод 80-тите години на мина век, каде овој регион бил дом на неколку значајни бендови кои постигнале голем успех, вклучувајќи ги The Sisters of Mercy, The Cult, Gang of Four, The Human League, Def Leppard, Heaven 17, New Model Army, Soft Cell, Chumbawamba, The Wedding Present, The Mission, The Housemartins,[34] The Beautiful South and The Comsat Angels

Уметност[уреди | уреди извор]

Особено значајни меѓународни уметници од Јоркшир се Анри Мур (вајар) и Дејвид Хокни (сликар). Во 1925-та година, групата уметници Филингдалес била основана во студиото на Дентон Хоули во заливот на Робин Худ [35]

Филм и телевизија[уреди | уреди извор]

Акцентот на Шон Бин е високо препознатлив и го користи на многу негови кастинзи, вклучувајќи го и акцентот во „ Игра на тронови“ .

Три истакнати британски телевизиски емисии снимени во (и со седиште во) Јоркшир се ситкомот Last of the Summer Wine, драмските серии Heartbeat и Emmerdale, од кои последните две се во продукција на телевизијата Јоркшир . Телевизиската драма Downton Abbey, иако се одвива во Јоркшир, всушност се снимила во Беркшир и во студиото Илинг, Лондон .

Неколкуте значајни филмови чии дејствија се одвививаат во Јоркшир, се Kes, Four Lions, This Sporting Life, Calendar Girls, God's Own Country and Room at the Top. Регионот е исто така споменат во „Смислата на животот“ на Монти Пајтон .[36]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Белешки
  1. Taylor, G. P. (2 June 2006). „God's own county“. The Guardian. London. Посетено на 30 November 2014.
  2. „Regimental Day – Yorkshire Day“. The Army. Архивирано од изворникот на 6 October 2007. Посетено на 30 November 2014.
  3. „Artist v. Factories“. Time. New York. 16 August 1937. Посетено на 30 November 2014.(бара претплата)
  4. „What does the saying "Where there's muck there's brass" mean?“. Blurtit.com. 21 December 2006. Архивирано од изворникот на 14 November 2007. Посетено на 30 November 2014.
  5. Titley, Chris. „Yorkshire? Now you're talking!“. York: The York Press. Архивирано од изворникот на 23 January 2008. Посетено на 24 October 2007.
  6. „Tyke“. Collins English Dictionary. Посетено на 24 October 2007.
  7. „The National Anthem of Yorkshire 'God's own county'. DKSnakes.co.uk. Архивирано од изворникот на 12 September 2007. Посетено на 24 October 2007.
  8. „Curd Cheesecakes“. Yorksgen Recipes. Посетено на 25 October 2007.
  9. „Yorkshire curd tart“. BBC. Посетено на 23 October 2014.
  10. Wilson, Carol (25 September 2000). „Yorkshire Parkin“. About Food. Архивирано од изворникот на 7 June 2007.
  11. „Pomfret Cakes (The story of Pontefract & Liquorice)“. Wakefield Council. Архивирано од изворникот на 17 November 2009. Посетено на 12 October 2009.
  12. Hemmings, Julie (20 September 2007). „Safeguard for chocolate heritage“. Yorkshire Post. Leeds.
  13. „Chocolate history“. Visit York. Архивирано од изворникот на 24 May 2010. Посетено на 12 October 2009.
  14. „Yorkshire finishes twelfth in medals table at Olympics“. The Guardian. 13 August 2012. Посетено на 14 August 2012.
  15. „Yorkshire County Cricket Club“. Napit.co.uk. Посетено на 25 October 2007.
  16. „Yorkshire bat out Roses stalemate“. BBC Sport Online. 19 May 2006.
  17. Rigg, John (24 August 2001). „Yorkshire Win County Championship“. Dalesview.co.uk. Архивирано од изворникот на 21 July 2002.
  18. Dobell, George. „Dickie Bird“. ESPN Cricinfo. Посетено на 12 October 2009.
  19. „Pelé joins Sheffield celebrations“. BBC. 25 June 2015.
  20. „Famous sons and daughters“. Sheffield FC. Архивирано од изворникот на 27 September 2007. Посетено на 25 October 2007.
  21. Harvey, Adrian (January 2005). Football, the First Hundred Years: The Untold Story of the People's Game. Routledge. ISBN 0-415-35018-2.
  22. Power, Rob (September 2003). „The Ultimate A-Z of Sheffield“. BBC South Yorkshire. Архивирано од изворникот на 8 April 2004.
  23. „Whitby Museum“. Dracula-In-Whitby.com. Архивирано од изворникот на 15 November 2007. Посетено на 25 October 2007.
  24. „The Life of Andrew Marvell (1621–1678)“. Luminarium.org. Посетено на 25 October 2007.
  25. „Poets' Corner – Andrew Marvell – Selected Works IV“. TheOtherPages.org. Посетено на 25 October 2007.
  26. „Biography of Family“. BronteFamily.org. Посетено на 25 October 2007.
  27. Sharp, C. J. (2003). Sword Dances of Northern England Together with the Horn Dance of Abbots Bromley. Kessinger.
  28. Broughton, S.; Ellingham, M.; Trillo, R.; Duane, O.; Dowell, V. (1999). World Music: The Rough Guide. Rough Guides. стр. 67.; Ingledew, C.J.D. (1860). Ballads and Songs of Yorkshire. London.; Forshaw, C. (1892). Holyrod’s Collection of Yorkshire Ballads. London.
  29. Hudleston, N.; Hudleston, M. (2001). Gordon, M.; Adams, R. (уред.). Songs of the Ridings: The Yorkshire Musical Museum. G. A. Pindar and Son. and Davenport, P., уред. (1998). The South Riding Songbook: Songs from South Yorkshire and the North Midlands. South Riding Folk Network.
  30. Nidel, R. (2005). World Music: The Basics. Routledge. стр. 90.
  31. Nidel, R. (2005). World Music: The Basics. Routledge. стр. 90–1.
  32. "Episode for 29 November 2003". Parkinson (TV series).
  33. Tyrangiel, Josh; Light, Alan (13 November 2006). „The All-TIME 100 Albums“. Time. New York.
  34. „Will the gods come from Leeds?“. BBC Leeds. Посетено на 25 October 2007.
  35. „Fylingdales Group“. Artist Biographies – British and Irish Artists of the 20th Century. UK. Посетено на 10 July 2020.
  36. „The 'Four Yorkshiremen' Sketch“. Ayup! Online Magazine. Архивирано од изворникот на 13 October 2007. Посетено на 25 October 2007.