Компјутерски посредувана комуникација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Компјутерски посредуваната комуникација е дефинирана како и секоја комуникациска размена која се појавува при употреба на два или повеќе мрежно поврзани компјутери.[1] Иако поимот традиционално упатува на оние комуникации кои се појавуваат како компјутерски посредувани формати (како на пример инстант пораки, е-пошта, соби за дискусија), исто така упатува и на други форми на текстуално засновани интеракции како што се текстуалните пораки.[2] Истражувањата за компјутерски посредуваната комуникација најчесто се фокусираат на општествените последици добиени од различните компјутерски поддржани комуникациски технологии. Многу од неодамнешните изучувања ги вклучуваат интернет заснованите општествени мрежи поддржани од социјален софтвер.

Опсег[уреди | уреди извор]

Научниците од различни области го изучуваат феноменот кој може да биде опишан под општиот поим за компјутерски посредувана комуникација (погледни исто така и кај Интернет студии). На пример, многу од нив користат социопсихолошки пристап до компјутерски посредуваната комуникација преку испитувања како човечките суштества ги користат „компјутерите“(или дигиталните медиуми)за да управуваат со меѓучовечките интеракции, да ги обликуваат впечатоците, и да ги обликуваат и поддржуваат врските.[3][4] И покрај тоа што современото истражување се движи кон гледиштето дека компјутерски посредуваната комуникација треба да биде проучувана како комуникација вметната во секојдневниот живот, овие изучувања често се фокусираат на разликите помеѓу online и offline интеракциите[5]. Друг огранок од истражувањата околу компјутерски посредуваната комуникација ја разгледува употребата на паралингвистички особини како што се емоции, прагматички правила како што е последователното зборување[6], секвенциски анализи и организација на разговорот[7][8], и разновидните социолекти, стилови, регистри или збир на терминолошки особини на оваа средина (види Leet- алтернативна азбука на англиски јазик користена воглавно на интернет). Во овој контекст изучувањето на јазикот обично се темели на текстуалните форми на компјутерски посредуваната комуникација и понекогаш се разгледува како „компјутерски посредувана дискурзивна анализа“.[9] Начинот на кој луѓето комуницираат во професионалната, социјалната, и образовната средина широко варира во зависност не само од околината туку и од начинот на комуникација во кој самата таа комуникација се појавува (во овој случај тоа е комуникација преку компјутери или други информатички и комуникациски технологии). Изучувањето на комуникацијата преку стекнување на соработка со заеднички работни производи се нарекува компјутерски поддржана соработка и вклучува само некои од интересите на компјутерски посредуваната комуникација. Популарните облици на компјутерски посредуваната комуникација ги вклучуваат е-пошта, видео, аудио или текстуалниот чат (текстуалните конференции ги вклучуваат инстант пораките), bulletin boards - компјутерско системски софтвер кој им допушта на корисниците да се конектираат и логираат во системот користејќи терминал (влезно излезните уреди тастатура и монитор образуваат терминал) програма, list-servs - мала програма која автоматски праќа пораки до многукратните e-mail адреси на e-mail листата и MMOs - масивна online игра. Овие форми се менуваат многу брзо со развитокот на новите технологии. Доста популарни станаа и weblogs, како и размената на RSS (навистина едноставна синдакција), кои им овозможија подобро на корисниците секој од нив да „стане сопствен издавач“.

Гледишта[уреди | уреди извор]

Комуникацијата која се појавува во компјутерски посредуван облик има дејство врз многу различни интеракциски погледи. Некои од нив, кои заслужиле посебно внимание во образовната литература вклучуваат впечатливо развивање, измама, групна движечка сила, слободно и посебно развивање. Компјутерски посредуваната комуникација е разгледувана и споредувана со други комуникациски медиуми преку одреден број на погледи кои се смета дека се универзални за сите облици на комуникација, вклучувајќи ги (но не и ограничувајќи ги) синхронизацијата, трајноста, и анонимноста. Спојувањето на овие погледи со различните облици на комуникација задолжително варира. На пример, инстант пораките се внатрешно синхронизирани, но не се трајни, што значи дека една порака го губи целото значење ако се затвори дијалог кутијата, освен ако нема логирачка постава или мануална можност самиот разговор да се копира и да се зачува. Од друга страна пак е-пораките се бавни во синхронизацијата додека се очекува одговорот, но имаат висока трајност откако испратената и примената порака е зачувана. Компјутерски посредуваната комуникација има карактеристики што ја одделуваат од другите видови на комуникациски медиуми, а тука влегуваат краткотрајноста, нејзината мултимодална природа и нејзиниот релативен недостаток на управувачки закони на однесување[10]. Компјутерски посредуваната комуникација ја има способноста да ги совлада физичките и социјалните ограничувања на другите облици на комуникација и поради тоа дозволува интеракции помеѓу луѓето кои физички не го делат истиот простор. Анонимноста, а до некаде и приватноста и безбедноста повеќе зависат од текстот и поединечната програма којашто се користи или пак од интернет страницата која што се посетува. И покрај тоа, повеќето истражувања на ова поле ја потврдуваат важноста за согледување на физичките и социјалните преплетувања на овие фактори и покрај техничките „ограничувања“.

Видови[уреди | уреди извор]

Компјутерски посредуваната комуникација може да биде поделена на синхронизирани и несинхронизирани облици. Во синхронизираната комуникација сите учесници се online во исто време, додека несинхронизираната комуникација се случува во безвременско ограничување.

Изучување на јазик[уреди | уреди извор]

Главна статија за Софтвер за учење јазик. Компјутерски посредуваната комуникација се дискутира во изучувањето на јазикот, бидејќи им дава можности на изучувачите на јазикот да го вежбаат својот јазик[11]. На пример,Warschauer[12] спроведе неколку истражувачки студии врз користењето на е-пораките односно создаде дискусионен совет составен од различни јазични средини. Warschauer[13] потврди дека информатичката и комуникациската технологија „ја спои историската поделеност помеѓу говорот ... и пишувањето“. На тој начин се зголеми грижата околу истражувањето за читањето и пишувањето на L2 (учењето на генерациите што следуваат) точно навреме за порастот на интернетот.