Каталог на основни ѕвезди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Каталог на основни ѕвезди (англиски: Guide Star Catalog или GSC, букв. „каталог на ѕвезди-водилки“) наречен и Основен каталог на вселенскиот телескоп „Хабл“ (Hubble Space Telescope, Guide Catalog HSTGC) — ѕвезден каталог составен според наодите на вселенскиот телескоп „Хабл“ со одредишта на ѕвезди вон оската. GSC-I содржи околу 20.000.000 ѕвезди со привидна величина од 6 до 15. а GSC-II опфаќа 945.592.683 ѕвезди со величина до 21. Колку што е можно се изземаат двојни ѕвезди и неѕвездени тела како неподобни за набљудателниот апарат „сетилник за уточнето водење“[1]. Ова е првиот целосен ѕвезден каталог наменски предвиден за наведување и пловидба по вселенскиот простор.[2]

Формат на каталогот[уреди | уреди извор]

Секој запис во каталогот се наведува по форматот GSC FFFFF-NNNNN,[3] или GSCfffff0nnnnn (fffff0nnnnn). Низата со букви F се однесува на Хабловиот код на дадено небесно подрачје.

Каталог на основни ѕвезди II[уреди | уреди извор]

Во 2008 г. е издадено значајно проширување на каталогот, наречено „Каталог на основни ѕвезди II“ (Guide Star Catalog II или GSC-II). Составен е од одделението за каталогизација и попис на Институтот за вселенскиот телескоп (Space Telescope Science Institute). Содржи записи за 945.592.683 ѕвезди, со положби, класификации и величини на 455.851.237 од нив. Најновата преработка (2.3.2) е во активна употреба за уточнето насочување на вселенскиот телескоп „Хабл“.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. анг. Fine Guidance Sensor
  2. Lasker; Sturch, Conrad R.; McLean, Brian J.; Russell, Jane L.; Jenkner, Helmut; Shara, Michael M. (јуни 1990 г). The Guide Star Catalog. I - Astronomical foundations and image processing. „Astrophysical Journal“ том  99: 2019–2058, 2173–2178. doi:10.1086/115483. Bibcode1990AJ.....99.2019L. 
  3. „Dictionary of Nomenclature of Celestial Objects: Result of query: info cati GSC$“. Центар за астрономски податоци во Стразбур. http://cdsweb.u-strasbg.fr/cgi-bin/Dic-Simbad?GSC. конс. 12 септември 2009 г. 
  4. Lasker; Lattanzi, Mario G.; McLean, Brian J.; Bucciarelli, Beatrice; Drimmel, Ronald; Garcia, Jorge; Greene, Gretchen; Guglielmetti, Fabrizia; и др. (август 2008 г). The Second-Generation Guide Star Catalog: Description and Properties. „Astrophysical Journal“ том  136 (2): 735–766. doi:10.1088/0004-6256/136/2/735. Bibcode2008AJ....136..735L. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]