Прејди на содржината

Истражувачко друштво на студенти биолози

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ИДСБ)

Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) — невладина организација формирана по иницијатива на студентите биолози во 1994 година. Оттогаш функционирањето на друштвото се заснова на организирање на научно-истражувачки акции во кои се вклучени студентите по биологија и други слични дисциплини. ИДСБ има своја просторија на Институтот за биологија при ПМФ во Скопје, опремена со компјутер, печатач и друга канцелариска опрема, во која ќе се изведуваат најголем дел од организаторските активностите. Исто така, Институтот за биологија му овозможува на ИДСБ да ги користи лабораториите и библиотеката за потребите на своите активности.

Истражувачкото друштво на студенти биолози е организација која се заснова на волонтерска работа на студентите и се темели на нивната иницијатива и желба за стекнување со дополнителни знаења за нови биолошки содржини, како и проширување и надополнување на наставната програма на Институот за биологија.

Со оглед на тоа дека членството на друштвото е во постојани измени заради новите генерации на студенти кои се запишуваат на Институтот на биологија, друштвото врши постојана едукација во поглед на теренската истражувачка работа.

ИДСБ има успешно реализирано 18 научно-истражувачки проекти и издадено 4 броеви од списанието “Билтен на Истражувачкото друштво на студенти биолози”.

Особено значајна е соработката со други институции од земјава и од странство, заради размената на знаења, искуства и резултати од различни области на биологијата. Затоа значајно е да се споменат институциите со кои ИДСБ досега има соработувано:

  • Институт за Биологија,
  • Природно-математички факултет – Скопје,
  • Министерството за животна средина и просторно планирање,
  • Македонско еколошко друштво,
  • Биолошка истражувачка организација на студентите по биологија (BIUS) – Загреб
  • NIDSB – Научно-истражувачкото друштво на студентите по биологија и екологија “Josif Pancic” – Novi Sad
  • Природонаучен музеј – Скопје,
  • Фармацевски факултет – Скопје,
  • Регионалниот центар за заштита на животна средина за Средна и Источна Европа,
  • Фондација Институт отворено општество Македонија,
  • Бугарската академија на науките – Софија,
  • Биолошки факултет – Белград,
  • Друштво на екoлозите на република Српска

и многу други студентски организации во текот на веќе 19 годишната работа на друштвото.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]