Зрзеско четвороевангелие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зрзеско четвороевангелие - крај на 16 век и почеток на 17 век

Зрзеско четвороевангелие, српска редакција, од крајот на XVI и почетокот на XVII век. Хартија: 29,5 х 19 см., 228 листови. Во почетокот недостасуваат повеќе листови. На л. 1 недостасува долниот лев агол. По л. 1 недостасува 1 лист (искинат поради знаменцето во почетокот на Евангелието од Марко). По л. 227 недостасува 1 лист. На крајот недостасуваат 2 листа.

Писмо: По 23 реда, калиграфски полуустав со облици од XVI век. Српска редакција со траги од ресавски правопис: ъ во предлозите и претставките, ь на крајот од зборот. Употребува ѕ (ѕѣло, мнѡѕїи, кнеѕь). Од надредните знаци употребен е акцент доследен во целиот ракопис и кендема. Интерпункцијата е изразена со точка и запирка. Насловите и почетните букви се црвени, но има на некои места измешано црвена и сина боја.

Водени знаци: „Сидро во круг со тролист одозгора“ и контрамарка I-C со тролист во средина, „сидро во круг со тролист одозгора“ со контрамарка З-Р со тролист во средина.

Орнаментика: На л. 100: Големо квадратно знаменце со исплетени гранчиња и други флорални елементи внатре и со три цветни елементи надвор од рамките на квадратот на горната страна, со црвена, жолто-златна и сина боја. Во ист стил и колорит се наоѓа голем плетен иницијал од буквата „П“. На л. 202: Големо квадратно знаменце со испреплетени гранчиња и цветчиња внатре и со флорални елементи надвор од рамките на квадратот, со црвена, жолто-златна и сина боја. Во ист стил и колорит се наоѓа голем плетен иницијал од буквата „В“.

Повез: Сочуван е во оригинална форма, само предната корица - даска завиткана со орнаментирана кафена кожа на која има втиснат натпис „ТРИФОЛОГИОН“. Има остатоци од копчиња за закопчување. Задната корица е додадена од друга книга, исто така даска завиткана со кафена орнаментирана кожа со многу црвојадини по неа.

Содржина: Четвороевангелие.

Потекло: Ракописот е најден во градот Велес.