Мост Галата

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Галата (мост))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мост Галата
Galata Bridge From Tower.JPG
Носивозила, пешаци
МестоИстанбул, Турција
Официјален називGalata Köprüsü
Особености
Вк. должина490 метри
Ширина42 метри
Историја
Отворен1994

Мостот Галата (турски:Galata Köprüsü) е мост кој се наоѓа во Истанбул, Турција, на Златниот Рог. Мостот бил на повеќе пати рушен, а за последен пат бил обновен во 1994 година.

Тој е петтиот мост во историјата кој преминувал преку познатиот канал на Босфорот, Халич, четирите претходни мостови денес не постојат, на нивното место постојат уште два моста кои се изградени во поново време.

Мостот Галата е долг 490 метри, а широк 42 метри, во средината се наоѓа дел кој со помош на сајли се подигнува, а тој дел е со должина од 80 метри, кој е наменет за поминување на големите бродови, кои се укотвуваат во каналот Халич.

По мостот денес поминува модерен пат со по 3 ленти во двете насоки и по една во двете насоки за пешаци.

Координати: 41°01′12″N 28°58′23″E / 41.02000° СГШ; 28.97306° ИГД / 41.02000; 28.97306