Прејди на содржината

Википедија:Вики конференција за наставници (април 2017)

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект
„Обука на наставници“
Дел од работната атмосфера

Вики конференција за наставници - се одржа на 20 април 2017 година во Порта Македонија, со почеток од 10:00 часот, а во организација на „ГЛАМ Македонија“. Конференцијата беше најавена на страницата на ГЛАМ Македонија на Фејсбук, како и во медиумите.

Резултати

[уреди извор]

Вики конференција за наставници“ беше називот на првата обука на наставници, која траеше околу пет часа. На конференцијата учествуваа 65 наставници од повеќе основни и средни училишта од Скопје и околината. На учесниците им беше поделен прирачник со наслов „Основни упатства: Како се користи Википедија како наставно средство“.

Програма

[уреди извор]
  • 10:00 – 10:15 – Пристигнување на учесниците и регистрација
  • 10:15 – 11:00 – „Вовед во Википедија и останатите сестрински проекти“, предавач: Снежана Штрковска
  • 11:00 – 11:15 – Пауза за кафе
  • 11:15 – 12:00 – „Начин на цитирање во Википедија (употреба на референци)“, предавач: Игор Кузмановски
  • 12:00 – 12:15 – Пауза за кафе
  • 12:15 – 13:00 – „Википедија и образовните цели“ , предавач: Матилда Бајкова
  • 13:00 – 13:30 – Пауза за ручек (мини бар)
  • 13:30 – 14:15 – Воведен курс за уредување на Википедија, предавач: Никола Стојаноски
  • 14:15 – 14:30 – Затворање на конференцијата и доделување на сертификатите

Прашалник

[уреди извор]
Од вкупно 65 учесници
  • 47% имале мало знаење за Википедија пред настанот
  • 37% им биле познати повеќето работи
  • 16% - не одговориле
На прашањето дали ќе го имплементираат наученото?
  • 47% одговориле со ДА
  • 38% одговориле со можеби
  • останатите не одговориле
На прашањето
Дали сметате дека брошурата ќе ви биде корисна?
  • 52 учесници (80%) – ДА
  • 4 учесници – не знам
  • 1 учесник – не
  • останатите не одговориле
Како последен коментар учесниците оставиле
  • 20 од учесниците - Одлична конференција, подготвени предавачи, корисни информации
  • 6 од учесниците - Бараат да се одржи и работилница
  • 4 од учесниците - Бараат да има почести семинари, за да се опфатат поголем број наставници
  • 5 од учесниците - Оставиле забелешка со барање соработка со ГЛАМ Македонија
  • останатите не оставиле коментар

Галерија

[уреди извор]