Реонски Центар

Координати: 41°58′46.55″N 21°28′22.35″E / 41.9795972° СГШ; 21.4728750° ИГД / 41.9795972; 21.4728750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Реонски Центар Аеродром
Населба
Реонски Центар Аеродром гледан од булeварот „Србија“
Реонски Центар Аеродром гледан од булeварот „Србија“
Координати: 41°58′46.55″N 21°28′22.35″E / 41.9795972° СГШ; 21.4728750° ИГД / 41.9795972; 21.4728750
ДржаваМакедонија
ОпштинаАеродром
Карта
Карта на Реонски Центар Аеродром.

Реонски Центар Аеродром ― најновата населба во Општина Аеродром, сместена на 5 км од средиштето на Скопје. Таа се граничи со населбите Лисиче на југ, Аеродром на запад, Јане Сандански на северозапад, Ново Лисиче на север и Горно Лисиче на исток. Во населбата постои парк, основно училиште[1], градинка и црквата „Св. Софија“.[2]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Училишта
  • ОУ „Александар Македонски“ - основно училиштe

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Населба Реонски Центар Аеродром, општина Аеродром - организација на избори[3][4]
Број на избирачко место Установа кадешто се наоѓа Женски гласачи Машки гласачи Регистрирани гласачи
2715 ОУ „Александар Македонски“ 606 729 1335
2716 ОУ „Александар Македонски“ 640 777 1417
Вкупно 1.246 1.506 2.752


На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 2.017 жители, каде 54% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 14% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ВО РЕОНСКИ ЦЕНТАР „АЕРОДРОМ" ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ“. Општина Аеродром. 30 август 2012 09:50. Архивирано од изворникот на 2012-09-03. Посетено на 2012-09-03. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Трајковска, Деспина (18 јули 2012). „Аеродром со цркви на секој чекор“. Утрински Весник. Посетено на 2016-08-21.[мртва врска]
  3. Состојба 5.2024.
  4. „Избирачки список“.
  5. „Резултати парламентарни избори 2024 - 08.05.2024“. line feed character во |title= во положба 36 (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]