Пинтија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на населбата Пинтија од манастирот „Св. Еремија“
Подрачјето на Пинтија во рамките на Општина Кисела Вода.

Пинтија — населба во рамките на Општина Кисела Вода, односно е приградска населба на градот Скопје. Се наоѓа на 9 километри југоисточно од центарот на Скопје, помеѓу Драчево и Усје од десната страна на булеварот „Борис Трајковски“.

Населбата Пинтија е основана во поново време, односно кон крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години, како населба во која живееле работниците од околните фабрики - гиганти. Во непосредната близина на Пинтија се фабриките „ОХИС“, Стакларница, Цементарница, а во поново време многу фирми и погони како на местото на пропаднатите фабрики така и новоизградени. Во населбата живеат околу 3.000 жители, исклучиво Македонци, доселени од Прилепско, Порече и други области во Македонија. Покрај работењето во околните фабрики и погони, дел од населението се занимава претежно со овоштарство и лозарство, а во многу мал обем е и градинарството, пред сè за домашни потреби.

На ридот над населбата постои црквата (манастирот) „Свети Пророк Еремија“.

Образование[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Населба Пинтија, општина Кисела Вода - организација на избори[1][2]
Број на избирачко место Установа кадешто се наоѓа Женски гласачи Машки гласачи Регистрирани гласачи
2750 ПУ „Рајко Жинзифов“ 358 376 734
2751 ПУ „Рајко Жинзифов“ 820 831 1651
Вкупно 1.178 1.207 2.385


На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 1.648 жители, каде 63% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 10% Коалицијата “За Европска Иднина“ - СДСМ и 16% партијата Левица.[3]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Уши — археолошко наоѓалиште во населбата, гробница од доцноантичко време
  1. Состојба 5.2024.
  2. „Избирачки список“.
  3. „Резултати парламентарни избори 2024 - 08.05.2024“. line feed character во |title= во положба 36 (help)