Аеродром (населба)

Координати: 41°59′1.9″N 21°27′35.8″E / 41.983861° СГШ; 21.459944° ИГД / 41.983861; 21.459944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром
Населба
Источниот дел на Аеродром. Гледано од Џевахир.
Источниот дел на Аеродром. Гледано од Џевахир.
Координати: 41°59′1.9″N 21°27′35.8″E / 41.983861° СГШ; 21.459944° ИГД / 41.983861; 21.459944
ДржаваМакедонија
ОпштинаАеродром
Површина
 • Вкупна120,46 ха (29,766 acres)
Карта
Карта на Аеродром.

Аеродромнаселба во истоимената Општина Аеродром.

Географија[уреди | уреди извор]

Населбата граничи со населбите Мичурин на запад, Острово на северозапад, 13 Ноември на север, Јане Сандански на североисток, Ново Лисиче, Реонски Центар на исток и Лисиче на југоисток.

Историја[уреди | уреди извор]

Позадина[уреди | уреди извор]

Стариот аеродром.

Населбата го добила своето име по старата местоположба на аеродромотСкопје“ основан во 1920-тите, кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев“. Аеродромот бил бомбардиран од страна на нацистичка Германија во април 1941. Првиот патнички авион слетал на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29“ од француско производство и превезувал 5 патници.

Настанок[уреди | уреди извор]

Панорамски приказ на новоизградените монтажни градби во населба Аеродром, 1964 година.

Населбата настанала по Скопскиот земјотрес во 1963 година. По катастрофалниот земјотрес од 1963, таму била сместена т.н. шаторска населба Аеродром-Вардар наменета за настраданите во земјотресот. Тој камп бил најголемото и најдобро организираното згрижувалиште во Општина Кисела Вода. Кампот во почетокот сместил 700 лица, а потоа бројката пораснала на 4,970 настрадани. Местоположбата на кампот била во близина на цивилниот аеродром. Оваа шаторска населба почнала да биде уредувана на 26 јули во 9 часот и попладнето била готова. Истиот ден почна да биде делена топла храна. Потоа за поголемите семејства биле подигнати бараки. Тука биле сместени жителите на Маџир Маало, Пролет и Ново Маало. Потоа шаторската населба била преселена во Мичурин, поточно во дворот на училиштето „Владимир Назор“.[1]

21 век[уреди | уреди извор]

Со Законот за новата територијална поделба во август 2004 година, била создадена Општина Аеродром чија територија претходно припаѓала во Општина Кисела Вода. Во неа биле вклучени сите населени места (вклучително и населбата Аеродром) кои се наоѓале северно од пругата Скопје-Велес.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002, населбата Аеродром била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% се Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Аеродром била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 63.764
Албанци 850
Турци 464
Роми 459
Власи 651
Срби 2.125
Бошњаци 403
Други 6.392

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Населба Аеродром, општина Аеродром - организација на избори[3][4]
Број на избирачко место Установа кадешто се наоѓа Женски гласачи Машки гласачи Регистрирани гласачи
2686 ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "ИЗВОРЧЕ" 265 279 544
2687 ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "ИЗВОРЧЕ" 297 352 649
2688 ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "ИЗВОРЧЕ" 265 323 588
2689 ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" 186 289 475
2759 ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" 272 323 595
2752 ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" 277 332 609
2753 ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" 498 588 1086
2754 ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" 317 351 668
2755 ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" 282 345 627
2756 ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ" 316 373 689
2757 ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "БАМБИ" 242 276 518
2758 ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "БАМБИ" 262 292 554
2760 СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ "МАРИЈА КИРИ - СКЛОДОВСКА" 726 887 1613
Вкупно 4.205 5.010 9.215


На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 6.052 жители, каде 49% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 18% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.[5]

Образование[уреди | уреди извор]

Средни училишта[уреди | уреди извор]

Основни училишта[уреди | уреди извор]

Културни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Илија“.
Цркви

Аеродром како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

  • Бисер и Три бисери“ — краток расказ на македонскиот писател Сашо Стефановски (под псевдонимот Џанго Помалиот).[6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Животот во шаторските населби (2)“. okno.mk. 8 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-09. Посетено на 2 јануари 2023.
  2. Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
  3. Состојба 5.2024.
  4. „Избирачки список“.
  5. „Резултати парламентарни избори 2024 - 08.05.2024“. line feed character во |title= во положба 36 (help)[мртва врска]
  6. Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018, стр. 47-48.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]