Wintersun

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Wintersun е фолк-мелодичен дет метал бенд од Финска. Музиката на Wintersun е мелодичен дет метал со влијанија од Финската народна музика, пауер и епик металот, како и мелодичниот блек метал.

Wintersun почнува во 2004 како соло проект на Јари Маенпаа, поранешен гитарист и вокал на викинг метал бендот Ensiferum. Првиот албум на Wintersun, кој го носи истото име, бил снимен целосно од Јари, освен тапаните, за кој бил користен најмен тапанар, Каи Хахто. Сепак, за време на снимањето, Ensiferum закажуваат турнеја, па Јари мора да одбере помеѓу нив и Wintersun. Јари го бира Wintersun и мора да го остави Ensiferum зад себе. Албумот е издаден на 13 септември, 2004 преку Nuclear Blast. По некое време, Каи Хахто станува официјален член на Wintersun, а наскоро се приклучуваат и Оливер Фокин како гитарист и Јука Коскинен како басист, тaка што овој соло проект станува бенд. По турнејата на Wintersun, Оливер Фокин се откажува од бендот и е заменет од Теему Мантисаари. Во процес на изработка е и нов албум, наречен Time.

Дискографија[уреди]

  • Wintersun (2004)

Состав[уреди]

Сегашен состав

Поранешни членови

Надворешни врски[уреди]