The Great Atlantic and Pacific Tea Company

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

The Great Atlantic and Pacific Tea Company (превод од англиски: Големата компанија за чај Атлантик и Пацифик), попозната како A&P (А и П), е синџир супермаркети во САД. Компанијата е основана во 1859 како The Great American Tea Company (Големата Американска компанија за чај) од Џорџ Хантингтон Хартфорд и Џорџ Гилман. Била преименувана во „The Great Atlantic and Pacific Tea Company“ во 1870, и до 1876 имала 67 продавници, кои се зголемиле до 1000 во 1915. Во 20тите и 30тите, компанијата доминирала на американскиот малопродажен пазар. Во 30тите A&P оперирала со приближно 16,000 продавници со комбиниран приход од 1 милијарда долари. Притисокот што го вршела кон добавувачите довела до донесување на повеќе закони против предаторски цени, од страна на Конгресот.

Денеска, компанијата не е меѓу најголемите малопродавачи во САД, но сѐ уште оперира со 630 продавници, 427 продавници преку единицата A&P US (А и П САД) во 9 држави во САД (Конектикат, Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Делавер, Мериленд, Луизијана, Мисисипи, Мичиген) и во Дистриктот Колумбија. Компанијата, која котира на Њујоршката берза, има годишен обем на продажба од околу 11 милијарди долари и вработува приближно 43,000 работници. Нејзиното седиште во САД е лоцирано во Монтвејл, Њу Џерси. A & P оперира со 10 други малопродажни брендови покрај A&P, кои вклучуваат конвенционални супермаркети, продавници за храна и лекови, и дисконти.

Моментално, извршен претседател е Кристијан В.Е. Хауб, член на фамилијата што ја поседува Групата Тенгелман од Германија. Групата Тенгелман го купи мнозинскиот пакет акции во A&P во 1979.

Компанијата порано оперирала со 237 продавници преку единицата A&P Canada (А и П Канада) во канадската провинција Онтарио. На 15 август, 2005 оваа компанија ги продала канадските продавници на Metro Inc., канадски синџир на малопродажни маркети со седиште во Монтреал.