The Best Damn Thing (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„The Best Damn Thing“
Avril lavigne the best damn thing single.jpg
Сингл од Аврил Лавињ
од албумот The Best Damn Thing
Издаден јуни 24 2008 (2008-06-24)
Формат ЦД сингл, музичко спуштање
Снимен 2006
Жанр Поп панк,[1] поп[2]
Должина 3:09
Издавачка куќа RCA
Композитор Аврил Лавињ, Бач Валкер
Продуцент Бач Валкер
Хронологија на синглови на Аврил Лавињ
"Hot"
(2007)
"The Best Damn Thing"
(2008)
"Alice"
(2010)

"The Best Damn Thing" е песна од канадската пејачка-текстописец Аврил Лавињ. Напишана е од Лавињ и Бач Валкер, а продуцирана е исто така од Валкер за третиот студиски албум на Лавињ, The Best Damn Thing (2007). Премиера на песната била на австралиското шоу 'The Hot Hits'.

Песната е издадена на 24 јуни, 2008, како четврт и последен сингл од The Best Damn Thing.[3] Песната добила различни критики од музичките критичати; некои ја споредиле со песната на Тони Басил, "Mickey" и со претходниот сингл на Лавињ, "Girlfriend".

Искачување на табелите[уреди]

Иако синглот не бил физички издаден во Северна Америка, се искачил на седмо место на САД-ската Bubbling Under Hot 100 Singles табела од Billboard и на седумдесет и шесто место на Канадски Хот 100. После тоа песната веќе не се искачувала повторно на Билборд табелите. Во Германија, се искачил на шеесет и четврто место, со што станал најзиниот најниско искачен сингл таму. Песната никогаш не е издадена во Обединетото Кралство, иако видеото се појавиле на музичките канали.

Музичко видео[уреди]

Аврил пее во музичкото видео за песната "The Best Damn Thing".

Музичкото видео за песната е режирано од Вејн Исхам и е снимеано на 28 февруари, 2008 година. Премиено е прикажано на Total Request Live во Италија на 4 април, и на веб-страницата Imeem на 9 април.

Видеото ја прикажува Лавињ која глуми три различни карактери: навивачка заедно со други навивачки, девојка која носи фустан и како самата која свири заедно со својот бенд. Таа свири на тапани на крајот на видеото. Нејзиниот брат Метју и поранешните членови на позадинскиот бенд на Лавињ, Еван Тобенфил и Девин Бронсон исто така се појавуваат во видеото.

Настапи во живо[уреди]

Лавињ ја изведувала "The Best Damn Thing" со песната "I Can Do Better" во епизода на американското шоу Live with Regis and Kelly во април, 2008 година. Таа исто така ја изведувала "The Best Damn Thing" на Music Station Japan на 12 септември 2008.[4]

Список на песни[уреди]

ЦД сингл[5]
  1. "The Best Damn Thing" – 3:10
  2. "Girlfriend" (MSN Control Room) – 4:16
  3. "Innocence" (MSN Control Room) – 3:59
  4. "Hot" (MSN Control Room) – 3:36
  5. "Losing Grip" (MSN Control Room) – 3:48

Табели[уреди]

Табела (2008)[6] Највисока
позиција
Австрија[7] 51
Чешка[8] 84
Канада[9] 76
Германија[10] 64
САД Билборд Поп 100 [11] 91
Белгија (Ultratip Фландрија)[12] 18
Белгија (Ultratip Валонија)[13] 18

Сертификации[уреди]

Држава Сертификација
Бразил Платинум[14]

Наводи[уреди]

  1. „Avril Lavigne Announces Release of Third Album“. starpulse.com. 30 јануари 2007. http://www.starpulse.com/news/index.php/2007/01/30/avril_lavigne_announces_release_of_third. конс. 25 јуни 2010. „....up-tempo pop-punk anthems like "I Can Do Better," "The Best Damn Thing," and "Girlfriend"....“ 
  2. „Avril Lavigne on SortMusic“. SortMusic. http://www.sortmusic.com/_a/avril-lavigne-best-songs,len.html. конс. 25 април 2010. 
  3. „The Best Damn Thing [Maxi Single - Avril Lavigne“]. AllMusic. 24 јуни 2008. http://allmusic.com/album/the-best-damn-thing-maxi-single-r1400771. конс. 30 јануари 2011. 
  4. Avril Lavigne Live Music Station with performance of The Best Damn Thing and interview
  5. „The Best Damn Thing [Maxi Single - Avril Lavigne“]. AllMusic. 24 јуни 2008. http://allmusic.com/album/the-best-damn-thing-maxi-single-r1400771. конс. 30 јануари 2011. 
  6. aCharts
  7. http://austriancharts.at/showitem.asp?interpret=Avril+Lavigne&titel=The+Best+Damn+Thing&cat=s
  8. http://www.ifpicr.cz/hitparada/index.php?a=tyden&hitparada=2&tyden=1891&sec=f543c214853ffb63a20b5d309022d43e
  9. [1]
  10. http://www.viva.tv/Charts/Detail/id/6/part/0/name/VIVA+TOP+100
  11. http://web.archive.org/20081209013641/www.billboard.com/bbcom/esearch/chart_display.jsp?cfi=396&cfgn=Singles&cfn=Pop+100&ci=3083564&cdi=9240663&cid=05/05/2007
  12. [2]
  13. [3]
  14. „Associaçăo Brasileira de Produtores de Disco“. ABPD. http://abpd.org.br/certificados_interna.asp?sArtista=Avril%20Lavigne. конс. 30 јануари 2011. 

Надворешни врски[уреди]