Media Control Charts

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Media Control GfK International
200px
Основана 1976
Тип Истражување на пазарот, Провајдер на мониторинг на медиумите за истражување, Анализа и евалуација
Седиште Баден Баден
Место Германија
Управен директор Улрик Алтиг[1]
Мреж. место www.media-control.de
Канцеларијата на Media Control лоцирана во Баден Баде

Официјалните музички листи во Германија се собрани и објавени од страна на компанијата Media Control GfK International во името на Bundesverband Musikindustrie (Федерална Асоцијација за Фонографска Индустрија). Media Control GfK International е доделувач на неделникот на Топ-100 сингл/албум, Компилација, Џез Топ-30, Класични Топ-20, Schlager Лонплеј Топ-20, Музика-ДВД Топ-20 и официјалната-Денс (ODC) Топ-50 табела.[2]

Службените топ листи во Германија се презентирани од страна на разни компании, кои ги објавуваат листите на неделната база, онлајн или на телевизија. Еден пример е музичкиот канал VIVAкој бил пронајден во 1993.[3] Други два примери се MusicLoad[4] и MIX 1[5] од кои двете се онлајн здруженија кои ги објавуваат сите табели неделно издадени од Media Control GfK International. Целата серија на официјалните топ листи; сепак, е претставен од страна на онлајн претпријатие наречен Charts.de која е подружница на Media Control GfK International.[6]

Историја[уреди]

Табелите се достапни во Германија од крајот на 1953 и оттогаш „Џубокс“ бил однесен во Германија од САД. Во ова време магазин наречен Der Automatenmarkt (The Vending Machine Market) еднаш во месецот објавувал список на најпопуларни песни во Германија и претежно имало 30 позиции. Списанието останала да постои и било единствено од обезбедување на комплетна листа на успешни песни во Германија до 1959 година.

Во јуни 1959 година, втората институција ја започна своето месечно определување на табелите, Der Musikmarkt (The Music Market).[7]

Категории[уреди]

  • Топ 100 Синглови
  • Топ 100 Албуми
  • Top-50 ODC (Официјална денс табела)
  • Табели за новодојденци
  • Класични Топ-20 Табели
  • Џез Топ-30 Табели
  • Компилациони табели
  • Schlager ТОП-20 Лонгплеј-Табели
  • Музичко ДВД Топ-20 Табели
  • ТОП-5 Нови Влезови преку СМС

Видете исто[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]