id Tech 1

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
id Tech 1
Програмери id Software
Прог. јазик Ц
Вид Погон за видеоигри
Лиценца ГНУ-ова општа јавна лиценца

id Tech 1 (се чита: ид тек),[1] претходно познат како погонот (од) Doom (англиски: Doom engine), е погон за видеоигри што ги придвижува видеоигрите Doom и Doom II од id Software. Исто така се користи и за HeXen, Heretic, Strife и HacX, како и за други игри преку лиценци. Напишан е од Џон Кармак, со помошни функции од Мајк Абраш, Џон Ромеро, Дејв Тејлор и Пол Радек. Првично бил напишан на компјутери NeXT, но со издавањето на Doom била напишана и верзија за DOS, а подоцна и за други играчки конзоли и оперативни системи.

Изворниот код за верзијата на Doom за Линукс е пуштен во јавноста во 1997 година под лиценца што дава права за некомерцијални употреби, а подоцна во 1999 година и под ГНУ-овата општа јавна лиценца.[2][3] Многуте неофицијални верзии на Doom за други подлоги направени оттогаш овозможуваат играта да работи на претходно неподдржани оперативни системи и понекогаш радикално ја зголемуваат функционалноста на погонот со нови можности.

Не е „вистински 3Д погон“, бидејќи не е можно да се гледа горе и долу и два сектори не може да бидат еден врз друг, но системот е сепак прилично елегантен и дава псевдо-3Д рендеринг. Во нејзиното време, Doom беше револуционерна во способноста за брзо 3Д цртање на текстури.

Едноставно поставување што покажува како Doom ги претставува нивоата внатрешно

Поглед на картата во уредувач
Поглед во играта

Наводи[уреди]

  1. Прв поглед на id Tech 5
  2. Изворниот код за Doom - отворен во 1997 година, сега под ГНУ-овата општа јавна лиценца од податотечното место на Id Software
  3. Изворниот код за Doom од 3ddownloads.com - отворен во 1997 година, сега под ГНУ-овата општа јавна лиценца

Надворешни врски[уреди]