Believe

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Believe“
Студиски албум од Џастин Бибер
Издаден јуни 15 2012 (2012-06-15)
Снимен 2011–12
Жанр Поп, Р&Б, денс-поп
Траење 48:09
Издавачка куќа Скулбој, Ајландс
Продуцент Џастин Бибер, Скутер Браун
Џастин Бибер — Хронологија
Under the Mistletoe
(2011)
Believe
(2012)
Believe Acoustic
(2013)
Издадени песни од Believe
  1. "Boyfriend"
    Издадена: 27 март, 2012
  2. "As Long as You Love Me"
    Издадена: 9 јули, 2012
  3. "Beauty and a Beat"
    Издадена: 24 октомври, 2012
  4. "Right Here"
    Издадена: 26 февруари, 2013[1]
 Професионални оценки
Средна оценка
Извор Оценка
Metacritic 68/100
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 4/5 ѕвездички[2]
The A.V. Club B−[3]
BBC Music favorable
Entertainment Weekly B+
The Independent 2/5 ѕвездички
Los Angeles Times 3.5/4 ѕвездички[4]
Now 3/5 ѕвездички[5]
The Observer 4/5 ѕвездички[6]
Rolling Stone 3/5 ѕвездички
Slant Magazine 2.5/5 ѕвездички

Believe е третиот студиски албум на канадскиот пејач Џастин Бибер, објавен на 15 јуни 2012 од страна на Ајландс Рекордс. Бибер во албумот соработува со повеќе рап артисти како: Даркчајлд, Хит Бој, Дипло и Макс Мартин.

„Boyfriend“ бил издаден како водечки сингл на албумот на 26 март 2012 година. Песната добила мешани критики, а некои критичари го споредија со Џастин Тимберлејк. „Boyfriend“ дебитираше на второто место на „Билборд Хот 100“, со 521.000 продадени копии во првата недела. На 26 јуни беше потврдено дека „As Long As You Love Me“ ќе бил вториот официјален сингл од албумот.

Позадина[уреди]

На 1 март 2012, Џастин гостувал во е емисијата на Елен де Џенерис, каде објавил дека првиот сингл од неговиот трет студиски албум ќе се вика „Воуfriend“. Песната е напишана од Џастин и Мајк Поснер, а продуцирана од Мајк Поснер и Мејсон Леви. Бибер исто така ги поканил своите фанови да учествуваат во графичкото решение за песната „Воуfriend“. Дизајнот со најмногу гласови станал официјалниот омот за најавниот сингл „Воуfriend“.

Cинглови[уреди]

  • На 1 март 2012, Џастин на едно ТВ шоу објавил дека првиот сингл од неговиот трет студиски албум ќе се вика „Воуfriend“.
  • На 26 јуни 2012 беше објавено дека вториот сингл од албумот е наречен „Аѕ Long As You Love Me“. Освен Џастин, во песната пее односно рапува и раперот Биг Шон.
  • Третиот сингл од „Веlieve“ бил издаден на 13 ноември, а се викал „Веаuty And A Beat“. Во песната заедно со Џастин пее и популарната раперка Ники Минаж. Песната се најде на 5. место на американската топ листа.
  • „Right Here“, во соработка со Дрејк е четвртиот сингл од албумот и е објавен на 5 февруари 2013.
  • Петтиот сингл „Аll Around The World“ ќе биде објавен на 4 март 2013 година.

Акустична верзија[уреди]

На 14 декември 2012, Џастин во емисијата „Шоуто на Елен“ објавил дека ќе реализира нов албум кој ќе биде акустична верзија од албумот „Веlieve“. Албумот бил издаден на 29 јануари 2013 година.

Список на песни[уреди]

бр. Наслов Траење
1. „All Around the World“ (со Лудакрис) 4:04
2. „Boyfriend“   2:51
3. „As Long as You Love Me“ (со Биг Шон) 3:49
4. „Catching Feelings“   3:54
5. „Take You“   3:40
6. „Right Here“ (со Дрејк) 3:24
7. „Fall“   4:08
8. „Die in Your Arms“   3:57
9. „Thought of You“   3:50
10. „Beauty and a Beat“ (со Ники Минаж) 3:48
11. „One Love“   3:54
12. „Be Alright“   3:09
13. „Believe“   3:42

Сертификати за продажба[уреди]

Држава Сертификат
Австралија[8] Златен
Бразил[9] 2 X Платинест
Канада[10] 2 X Платинест
Данска[11] Платинест
Мексико[12] Платинест
Шпанија[13] Златен
Шведска[14] Платинест
САД[15] Платинест

Наводи[уреди]

  1. http://www.allaccess.com/top40-rhythmic/future-releases
  2. Kellman, Andy. „Believe – Justin Bieber“. Allmusic. Rovi Corporation. http://www.allmusic.com/album/believe-mw0002357910. конс. 27 јуни 2012. 
  3. Koski, Genevieve (26 јуни 2012). „Justin Bieber: Believe“. „The A.V. Club“. Onion, Inc. http://www.avclub.com/articles/justin-bieber-believe,81763/. конс. 27 јуни 2012. 
  4. Wood, Mikael (18 јуни 2012). „With 'Believe,' Justin Bieber's at top of his vocal game“. „Los Angeles Times“. Tribune Company. http://latimesblogs.latimes.com/music_blog/2012/06/with-believe-justin-biebers-at-top-of-his-vocal-game.html. конс. 27 јуни 2012. 
  5. Ritchie, Kevin (21 јуни 2012). „Justin Bieber – Believe“. „Now“. Now Communications. http://www.nowtoronto.com/music/discs.cfm?content=187403. конс. 27 јуни 2012. 
  6. Hermione, Hoby (17 јуни 2012). „Justin Bieber: Believe – review“. „The Observer“. guardian.co.uk. http://www.guardian.co.uk/music/2012/jun/17/justin-bieber-believe-review. конс. 27 јуни 2012. 
  7. „ビリーヴ~デラックス・エディション[国内盤][CD+DVD]“ (на Japanese). Universal Music Japan. http://www.universal-music.co.jp/justin-bieber/products/uicl-9103/. конс. 27 јуни 2012. 
  8. http://www.aria.com.au/pages/httpwww.aria.com.aupagesALBUMaccreds2012.htm
  9. http://abpd.org.br/certificados_interna.asp?sArtista=Justin+Bieber&tmidia=1 (португалски)
  10. http://www.musiccanada.com/GPSearchResult.aspx?st=Believe&sa=Justin+Bieber&smt=0
  11. http://www.ifpi.dk/?q=content/justin-bieber-believe-umg (дански)
  12. http://www.webcitation.org/69RL9ynUX
  13. http://promusicae.es/files/listassemanales/albumes/historial/TOP%20100%20ALBUMES%2012_25.pdf (шпански)
  14. http://www.hitlistan.se/netdata/ghl002.mbr/lista?liid=54&dfom=20121003&navi=no
  15. http://www.riaa.com/goldandplatinumdata.php?artist=%22Believe%22 (англиски)