Џастин Тимберлејк

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џастин Тимберлејк
Justin Timberlake

Timberlake at the premiere of Shrek The Third in 2007.
Биографски податоци
Родено име Џастин Рандал Тимберлејк
Роден(а) јануари 31 1981 (1981-01-31) (33 г.)
Мемфис, Тенеси
Потекло Shelby Forest, Tennessee, United States
Жанрови Pop, dance, R&B
Занимања Singer-songwriter, musician, record producer, dancer, actor, businessman
Инструменти Vocals, keyboards, guitar, beatboxing
Период на активност 1993–present
Издавачи Jive, RCA
Соработници 'N Sync, The Y's, Timbaland, Nelly Furtado
Мреж. место justintimberlake.com

Џастин Рандал Тимберлејк(англиски: Justin Randall Timberlake, 31 јануари 1981 година) е американски поп-музичар и актер. Тој има освоено шест Греми награди, како и две Еми награди. Стекна слава на почетокот кога се јавуваше како натпреварувач на “Потрага по ѕвезда”, и продолжи како ѕвезда на Disney Channel за телевизиската серија “Тhe New Mickey Mouse Club “ каде што ја запозна идната бенд група JC Chasez.Тимберлејк стана познат во доцните 1990-ти како водечки вокал на ‘N Sync машкиот бенд , чиј почеток беше финансиран од страна на Лу Перлмен.

Во 2002 година го издава неговиот деби соло албум, Justified , од кaде се продадоа повеќе од 7 милиони примероци во светот. Албумот беше комерцијален успех, стартувајќи со хитовите "Cry Me а river" и "Rock your body”.Тимберлејк го продолжи својот успех со својот втор соло албум FutureSex / LoveSounds (2006), дебитирајќи како број еден на Билборд 200 листата, а во продукција за број еден хит сингловите во САД се песните "SexyBack", "My Love" и "What Goes Around ... / ...Comes Around ".

Првите два албуми на Тимберлејк го направија еден од најрекламираните и најпознато успешни пејачи во светот, каде секоја продажба на албумите беше во износ поголем од 7 милиони копии.И покрај музиката, тој, исто така, започна актерска кариера, додека другите негови потфати ја вклучуваат и издавачката куќа Tennman Records, модниот тренд на Вилијам Раст, и рестораните Destino и Southern Hospitality.

Биографија[уреди]

Тимберлејк е роден во Мемфис, Тенеси, син на Лин Харлес (родена во Бомар) и Рандал Тимберлејк . Тимберлејк е од англиски потекло, а исто така има и непотврдени американско- индијански предци. Неговиот дедо од татковска страна, Чарлс Л. Тимберлејк , бил министер за Крстителство, па Џастин бил познат по прекарот "Тимберлејк Крстител", иако сега се смета себеси повеќе за "духовен отколку верски"

Родителите на Тимберлејк се развеле во 1985 година,но и двајцата се имаат преженето.Неговата мајка, која сега раководи компанија за забава наречена “Само во време Забава”, премажена е со Пол Харлес, банкар, кога нејзиниот син бил пет години. Неговиот татко, директор на хорот во баптистичката црква, има две деца, Џонатан (роден во 1993 г.) и Роберт Стивен (роден на 14 август, 1998 г.) од неговиот втор брак со Лиза Пери.Полусестрата на Тимберлејк , Лора Кетрин, починала кратко време по раѓањето на 14 мај 1997 година, а се споменува во неговитe признанија во албумот на ‘N SYNC како "Мојот Ангел на небото." Тимберлејк израснал во Шелби Гора, од средна класа на предградието меѓу Мемфис и Милингтон. Неговиот прв обид во пејачката кариера биле песни од кантри музика на Потрга по ѕвезда таму познат како Џастин Рандал. Во 1993 година, Тимберлејк се приклучи на актерската екипа на Клубот на Мики Маус.Неговите актерски колеги кои се вклучени во шоуто се идната девојка и поп ѕвезда Бритни Спирс, Кристина Агилера , и неговиот колега од бендот Џеј Си Чезес . Шоуто заврши во 1994 година, но доцна во 1995 година Тимберлејк го побара Часез да биде член на машката група организирана од менаџерот на бендот Лу Перлмен кои на крајот станаа 'N Sync.

Музичка кариера[уреди]

*1995-2002: 'N Sync[уреди]

'N Sync

Тимберлејк и Џеј Си Часез беа два водечки гласови на ‘N Sync популарната група во 1990тите.Групата е формирана во 1995 година,а ја започна својата кариера во 1996 година, во Европа.Таа стана голем хит во САД во 1998 година со пуштањето на својот деби албум *NSYNC, каде се продадоа 11 милиони копии. Во албумот се вклучени голем број на хит синглови, меѓу кои и "Tearin ' up my heart".Наредните две години, поттикнати од сличните подобрувања со Backstreet Boys , 'N Sync се вмеша во долга легална борба со менаџерот Лу Перлмен. На крајот бендот потпиша договор со Jive Records. Во март 2000 година, 'N Sync го објави долгоочекуваниот албум, No Strings Attached, кој стана најбрзо продаван албум на сите времиња со 2,4 милиони продадени примероци во првата недела а во продукција со број 1 хитот "It’s Gonna Be Me”. Објавувањето беше проследено со третиот албум на бендот, Celebrity, кој беше втор по ред најбрзо продаден албум на сите времиња. Во 2002 година, по завршувањето на турнејата со Celebrity и објавувањето на песната “Girlfriend” (третиот сингл од албумот Celebrity) групата одлучи да “одмори” малку , така што Тимберлејк почна да работи на својот прв соло албум.По некое време групата се распадна. Во кариерата на групата, ‘N Sync беше меѓународно позната по настапите на доделувањето на оскари на Олимписките игри, и на Супер Боул, како и продажба на повеќе од 50 милиони примероци во светот, таа стана трето место од најдобро продаваниот бенд во историјата.

Кон крајот на 1999 година, Тимберлејк го направи своето актерско деби во Disney Channel глумејќи во филмот “Model Behavior”. Тој го одигра Џејсон Шарп, модел кој се заљубува во келнерка за која погрешно мислејќи дека била модел. Тој бил објавен на 12 март, 2000 година .

Како член на ‘N Sync, Тимберлејк се разви како голема славна личност и музичар, бидејќи тој беше писател и ко-автор на сите три синглови од Celebrity. Возвишувањето на неговиот статус како славна ѕвезда и општото опаѓање на популарноста на бендот доведе до распаѓање на ‘N Sync. Членот на групата Ленс Бас изјави дека тој верува дека групата е распадната, и отворено го критикува Тимберлејк за постапките во неговиот мемоар “Out of Sync”. Од друга страна, Крис Киркпатрик во август 2008 година, се надеваше на останатите пет членови од бендот и веруваше дека ќе има повторно обединување на групата. Тој го повтори тоа мислење во октомври 2009 година.Во септември 2008 година, Бас, исто така, направи помирувачки коментари .

*2002-04:Justified и Супер Боул[уреди]

Во август 2002 година, по неколку месеци на снимањето на неговиот деби соло албум Justified, Тимберлејк го изведе во 2002 година на MTV Видео музички награди. Тој го промовираше неговиот прв сингл "Like I Love You", една мала танцова песна произведена од The Neptunes. Песната достигна број 11 на Ранг листата 100. По синглот, Тимберлејк на 5 ноември 2002 година го издаде албумот Justified. На албумот се продадоа помалку копии отколку од претходните на 'N Sync . Тој дебитираше на второто место од Билборд 200 листата, продавајќи 439.000 копии во првата недела од продажбата. Всушност се продадоа повеќе од три милиони копии во САД и повеќе од седум милиони примероци во светот. Албумот исто така, доби позитивна критика, благодарение на големото R & B влијание обезбедено од хип-хоп продуцентите на Нептунс и Тимбаленд. Тој ги направи хитовите во текот на крајот на 2002 и 2003 година, вклучувајќи ги и најдобрите десет синглови "Cry Me A River" и "Rock Your Body". На крајот од 2003 година, Тимберлејк сними песна со наслов "I’m Lovin 'It". Таа била употребувана од страна на Mc Donald’s како тема на нејзините "I’m Lovin 'It", кампања. На договорот со McDonald's Тимберлејк заработи околу 6.000.000 $ а турнејата насловена како Justified и Lovin 'It беше вклученa во договорот. Тимберлејк беше вклучен и во песната на Нели “Work It”, која беше ремикс и е вклучена во 2003 ремикс албум на Нели. За време на полувремето од шоуто на Супер Боул XXXVIII која се емитувала на Си-Би-Ес телевизиската мрежата во февруари 2004 година, Тимберлејк врши изведба со Џенет Џексон пред публика од повеќе од 140 милиони гледачи. На крајот од изведбата, при завршетокот на песната , Тимберлејк искинува еден дел од црно кожениот костим на Џенет Џексон кој е “ преродбен костум” кое претставувало еден дел од изведбата на песна. Џенет Џексон и Тимберлејк потврдија дека тоа го планирале самостојно без да информираат некој а особено не камерите на Си-Би-Ес.Дел од костимот беше одвоен, и градите на Џексон беа кратко изложени. Тимберлејк се извини за инцидентот, наведувајќи  : "жал ми е ако некој е навреден од “гардероба дефектот” за време на полувременската изведба на Супер Боул ...." Фразата " гардероба дефект" оттогаш се користи од страна на медиумите да се зборува за инцидентот и влезе во поп културата. Како резултат на контроверзноста, на Тимберлејк и Џексон им се заканија со исклучување од Греми наградите 2004, освен ако тие не се согласат да се извинат пред екранот за настанот.Тимберлејк издаде напишано извинување кое го прифатија и му дадоа да присуствува на Греми наградите.Така ,тој добил две Греми награди таа ноќ (награда за Најдобар Поп вокален албум за Justified и награда за Изведба на најдобар машки поп вокал за "Cry Me a River"). Тој исто така бил номиниран за Албум на годината за Justified, и Најдобра песна на годината за "Cry me a River", исто така добил Најдобра Рап изведба за песната "Where Is the Love?" со Блек Ајд Пис.Во 2004 година американскиот судија за музички идол Симон Ковел во списание “People” го опиша Тимберлејк како "eдинственото бело дете кое се обиде да глуми црнец во текот на последните неколку години".

2004-2006: соработка и актерство[уреди]

По контроверзноста во Супер Боул, Тимберлејк ја остави неговата музичка кариера во мирување за да глуми во неколку филмови, така што глумеше во неколку играни филмови пред својата музичка кариера. Првата улога ја презеде во тоа време каде играше како новинар во трилерот ”Edison Force”, кој беше снимен во 2004 година а се емитуваше на 18 јули 2006 година.Тој исто така се појави во филмовите “Alpha Dog”, “Black Snake Moan”, “Southland Tales” на Ричард Кели, и го глумеше гласот на принцот Арти Пендрагон во анимираниот филм “Shrek the third”, објавен на 18 мај 2007 година.Се појави и како младиот Елтон Џон, во спотот на Џон за песната "This Train Don’t Stop There". Тимберлејк го зедоа во предвид да ја игра улогата на Роџер Дејвис во филмската верзија на рок мjузикалот Rent, но режисерот Крис Колумбус инсистираше на тоа дека само оригиналните членови на Broadway можат да го пренесат вистинското значење на Rent .

Тој продолжи да сними со други изведувачи. По номинираната песна "Where Is the Love?", тој повторно соработуваше со Блек Ајд Пис во песната "My style" од нивниот албум Monkey Business во 2005 година.При снимањето на песната "Signs" со Снуп Дог во 2005 година, Тимберлејк откри лоша состојба на грлото. Ситни израстоци му беа отстранети од неговото грло, во операцијата на 5 мај, 2005 година.Тој беше советуван да не пее или зборува гласно за најмалку неколку месеци.Во летото 2005 година, Тимберлејк ја започна својата сопствена издавачка куќа, JayTee Records.

Тимберлејк имаше кратка појава во спотот за песната "Promiscuous" со Нели Фуртадо и Тимбаленд објавена на 3 мај, 2006 година.

2006-07: FutureSex / LoveSounds[уреди]

Тимберлејк го издаде својот втор соло албум, FutureSex / LoveSounds, на 12 септември 2006 година.Албумот, кој е основан во 2005 година од страна на Тимберлејк дебитира за број еден хит на Билборд 200 албум листата, продавајќи 684.000 копии во првата недела. Тој е најголемиот албум кој се наоѓа на прв ред од iTunes, и го собори рекордот на Coldplay за најбрзо продаден дигитален албум за една недела. Албумот е продуциран од Тимбаленд и Дања (која произвела најголемиот дел од албумот), will .i.am, Рик Рубин и самиот Тимберлејк, и со појавување на вокалот на Снуп Дог Three 6 Mafia, T.I и will.i.am. Ателјето на уметниците е претставено и опишано како "се за разголеност" и со цел за " се чувствувам возрасен".

Првиот водечки сингл албумот, "SexyBack", беше изведен од страна наТимберлејк на отворањето на MTV Видео Музички Награди 2006 и го достигна број еден хит на Билборд Хот 100, каде што остана седум недели по ред. Втор сингл албумот "My Love", исто така, произведен од страна на Тимбаленд и раперот T.I, достигна број еден хит на Хот 100 листата, како и третиот сингл "What Goes Around... / ...Comes Around Interlude". За песната е објавено дека бил инспириран од раскинувањето на неговиот пријател од детството и деловен партнер, Тракија Ајала, со актерката Елиша Кутберт. Во октомври 2006 година Тимберлејк рече дека ќе се фокусира на неговата музичка кариера, а не на неговите филмски улоги, наведувајќи дека напуштањето на музичката индустрија ќе биде "глупава работа да се направи во овој момент". Тој беше специјален гостин и изведувач во Викториас Сикрет 2006 шоу каде што ја пееше песната ”SexyBack”. Во јануари 2007 година, Тимберлејк се оддаде на FutureSex / LoveShow турнеја. "Love Stoned / I Think She Know Interlude" беше четвртиот американски сингл од албумот, а другиот сингл во Велика Британија беше "Love Stoned / Think She Knows Interlude". Со песната "Give it to me", сингл на Тимбаленд на кој Тимберлејк присуствува со Нели Фуртадо, стана број еден хит на Hot 100 листата за најдобар спот.

Во февруари 2008 година, на Тимберлејк му беа доделена две Греми награди. На церемонијата за 50тите Греми награди, Тимберлејк ја освои наградата за Најдобра машка изведба за песната “ What Goes Around … Comes Around", а награда за Најдобро снимена денс песна "LoveStoned / I Think She Knows".

2007-10[уреди]

Во април 2007 година, Тимберлејк беше виден како влегуваат во некое студио во Лондон со Мадона, па се потврдуваат гласините дека тој бил во соработка со неа.Песната "4 Minutes", прво беше одиграна од страна на Тимбаленд на Џингл Бал во Филаделфија на 17 декември 2007 година.Кога песната “4 Minutes” беше објавена на 17 март 2008 година беше разоткриено дека таа станала дует помеѓу Тимберлејк и Мадона, а со придружен вокал на Тимбаленд. Синглот стана дел од единаесеттиот студиски албум на Мадона Хард Кенди, во кој се вклучени уште четири други напишани песни во соработка со Тимберлејк. Синглот беше меѓународен хит, и се најде на врвот на топ листите во повеќе од 21 земји во светот. Тимберлејк исто така се појавува и во видео записот, кој е во режија на Џонас и Франсоа. На 30 март, 2008 година, Тимберлејк се појавува на изведба за песната на Мадона во Хард Кенди Промо шоу во Розленд Балрум,Њујорк.На 6 ноември, 2008, Тимберлејк исто така ја изведува песната со Мадона во станица на Лос Анџелес од нејзината Sticky & Sweet турнеја.

Околу јуни 2007 Тимберлејк беше пишувач, издавач и обезбеди вокали за песните "Nite Runner" и "Falling Down" за албумот на Дуран Дуран Red Carpet Massacre, објавен на 13 ноември 2007 година."Falling Down" како сингл пак бил издаден во Велика Британија на претходниот ден.

Тимберлејк исто така,се појавува и во третиот албум на 50 Cent наречен Curtis во 2007 година. Тимберлејк заедно со Тимбаленд се појавува и во песната наречена "Ayo Technology", која беше четвртиот сингл од албумот. Исто така, друга негова соработка беше и појавувањето со Лил Вејн за неговиот албум Tha Carter III со Нели Фуртадо и Тимбаленд.

Со завршувањето на FutureSex / LoveSounds турнејата низ Австралија и Средниот Исток, во ноември 2007 година Тимберлејк продолжи со неговата филмска кариера. Реализираните проекти на Тимберлејк во текот на почетокот на 2008 година беа глумењето улоги во комедијата на Мајк Маерс, "The Love Guru” ( објавена 20 јуни 2008 година) и драмата на Мајк Мередит “The Open Way” (објавена 28 Август 2009 година). Во март 2008 година беше најавено дека тој бил бил извршен продуцент во преработката на американскиот хит “Peruvian” за комедијата ”My Problem with Women” за Ен-Би-Си.

На 20ти Ноември, 2008, телевизијата TV Guide објавија дека следниот сингл на Тимберлејк "Follow My Lead", што исто така вклучува вокали од Тимберлејк и поранешниот YouTube ѕвезда Есми Дентерс, ќе бидат достапни за симнување ексклузивно преку MySpace. Сите приходи ќе одат за Психијатриската болница за деца, една добротворна организација посветена за подобрување на педијатриската нега за болните деца.

Во 2008 година соработката меѓу Тимберлејк и T.I за песната "Dead and Gone" беше промовирана за шестиот студиски албум на TI, Paper Trail, која била издадена како четврти сингл доцна во 2009 година. Во ноември 2008 година, беше потврдено дека Тимберлејк ќе биде гостин и произведувач на некои песни на R & B и поп-пејачката Сиара за претстојниот албум Fantasy Ride закажан за 5 мај 2009. Тимберлејк учествува и во вториот видео сингл на Сиара "Love Sex Magic", кој e снимен на 20 февруари 2009 година.Синглот стана светски хит, достигнувајќи за најдобрите први десет хитови а во неколку земји стана и број еден хит вклучувајќи го Тајван, Индија и Турција. Синглот беше номиниран за Најдобра поп-соработка со вокал на 52те Греми награди.

Тимберлејк и неговата тим продукција на The Y’s, заедно со Мајк Елизодо ја изработија и напишаа песната "Don’t Let Me Down" за вториот студиски албум на Леона Левис, Echo, објавени (во САД) на 17 ноември 2009 година. Тимберлејк е пишувач и изведувач на третиот сингл "Carry Out" од албумот Shock Value II на Тимбаленд објавен на 1 декември, 2009 година.

Тимберлејк се појави на МТV Видео Музички Награди на 12 септември 2010 година.

Друго[уреди]

При крајот на 2002 година, Тимберлејк беше првата личност која се појави на Punk'd на "Слатка камера" еден вид на шоу креирано од Ештон Кечер каде ги исмејува познатите личности.Тимберлејк, кој плачеше за време на епизодата, подоцна призна дека бил под влијание на марихуана кога бил наместен (измајтапиран). Три епизоди подоцна, тој ја намести Кели Озборн да биде "punk'd" (измајтапирана).Но тој направи Тимберлејк да биде еден од првите славни личности кој беше често покажуван на шоуто.Како резултат на тоа Тимберлејк подоцна го исмеја Ештон Кечер и неговото шоу Punk'd како маскиран во една епизода од емисијата Saturday Night Live на телевизијата Ен-Би-Си во 2003 година.

Тимберлејк беше водител на многу музички настани, вклучувајќи ги и Европските MTV Музички награди во 2006 година. На 16 декември 2006 година, Тимберлејк беше водител на шоуто Saturday Night Live,каде имаше двојна должност, како водител и музички гостин по втор пат. Во текот на ова гостување, тој и Енди Самберг ја изведоа R & B сатиричната песна насловенa "Dick in a Box", која што некои радио станици ја емитуваа како неофицијален сингл од Тимберлејк и стана еден од најгледаните видеа на Ју Тјуб. На 9 мај 2009 година, тој уште еднаш се појавува во Saturday Night Live- Digital Short во квази-продолжението на "Dick in Box" насловено "Motherlover" заедно со Самберг, Сузан Сарандон и Патриција Кларксон.

На 2 март 2009 година Тимберлејк се појавува како гостин на дебито на Џими Фелон “Late Night with Jimmy Fallon”.

Во 2004 година, познатото шоу Еј-Би-Ес (ABC), го ангажира Тимберлејк да напише песна за NBA пренос.

Тимберлејк е главен продуцент на MTV реалните серии "The Phone", чија премиера e на 21 април 2009 година. Според списанието “People”, серијата "ги засегнува натпреварувачите дури до состојба да им запре срцето при авантурната акција која е достојна за еден летен бестселер. Во епизодите кои траат шест часа, мистериозен странец се јавува по телефон и поканува четворица странци кои би играле во опасната игра. Ако тие прифатат, се парираат во два тима и се осмелуваат да вршат физички и ментални предизвици кои потсетуваат на носталгичноста кај филмовите со Мет Дејмон ”The Bourne Identity” или ”Eagle Eye” со Shia LaBeouf.”

Бизнис[уреди]

Тимберлејк е во сопственост на три ресторани во САД кои се доста славни и тоа “Chi” кој е отворен во 2003 година во Западен Холивуд,Калифорнија и "Destino" и "Southern Hospitalty" во Њујорк кои се отворени во 2006 и 2007 година.Тој исто така има и свој бренд на текила наречена “901” чие име доаѓа од повикувачкиот код на еден дел од родниот град Мемфис.

Во 2005 година, Тимберлејк започна со лансирање на модната линија William Rast заедно со другар му од детството Хуан ("Тракија") Ајала.Модната линија за 2007 година содржеше кожени јакни, џемпери со јака, фармерки и поло маици.За некои делови од облеката земаа инспирација од славниот Елвис Присли. "Елвис е совршена комбинација за Џастин и мене", вели Ајала. "Можете да се вратите назад и да видите слики од него во каубојски чизми и каубојска шапка со прекрасна кошула со копчиња, но во истиот момент ќе може да го видите и во смокинг и јакнена кошула со вештачки дијаманти на него и спортски панталони. Баш би сакале да знаеме "Ако тој бил жив денес, што би носел?" Најави велат дека William Rast колекцијата содржи облека за надвор (шапка,шал, палто...) , спортска облека за мажи и жени како и вклучувајќи ги и облеките направени од тексас платно.Оваа колекција ќе се промовира во декември и ќе бидат достапни за еден месец.

Тимберлејк обезбедува славна поддршка за многу рекламни производи.Од оваа гледна точка својот бизнис беше раководен од ИМГ Спорт & Рекреација од април 2008 година.Главни рекламни продукти на Џастин во 2009 година се Sony електронските производи, Mашкиот мирис "Play" од Живанши , колата "Audi А1 ", и производите на Callaway Golf Company .

Како аматерски и страствен играч на голф, во 2007 година Тимберлејк го купи запуштениот голфски терен Big Creek Golf Course во неговиот роден град Милингтон, Тенеси, каде што тој го преуреди како еко-пријателски Mirimichi Golf Course, кој беше во вредност од некои 16 милиони американски долари. Тој повторно беше отворен на 25 јули 2009 година, но пак бил затворен на 15 јануари 2010 година за дополнителни подобрувања кои се очекува да траат шест месеци.

Хуманитарни цели[уреди]

Тимберлејк зема учевство во повеќе добротворни определба, првично преку 'N Sync's за "Предизвик за децата" чија цел е спектар за добротворни организации, а од 2001 година преку неговата " Фондација на Џастин Тимберлејк " со која започна со финансирање на музичката образовна програма во училиштата, но сега има многу пошироки вклучени програми. Во октомври 2005 година,Греми Здружението го претстави Тимберлејк со награда за своите хуманитарни напори во Тенеси, заедно со писателот и режисер Крег Бревер, исто така со потекло од Мемфис.

Во ноември 2007 година, тој донираше 100.000 $ од профитот од неговaта австралиски тура Wildlife Warriors основана од починатиот Стив Ирвин. На 23 март 2008 година, тој донираше 100.000 $ во Музејот Rock 'n' Soul во Мемфис и уште 100.000 $ на Музичката Фондација во Мемфис.

На 12 ноември 2007 година, PGA Tour најави дека Тимберлејк, страствениот играч на голф, ќе гостува во турнејата на Лас Вегас турнирот кој започнува во 2008 година. Со договорот за учеството на турнирот неговото име беше изменето како “Џастин Тимберлејк-Отворење психијатриска болници за деца”.Тој играше за време на раните утрински часови се до полноќ па дури и на денот пред конкурентниот турнир.Исто така беше и гостин на добротворниот концерт во текот на неделата на турнирот.Оваа активност беше успешна, а исто така се повтори и во 2009 година.Прегледот за вредноста на познатите личности за прибирање на финансиски средства заклучи дека придонесот на Тимберлејк за Психијатриската болници за деца беше една од највредните славни поддршки во САД за во текот на 2009 година, а во вредност од над 9 милиони американски долари.

Личен живот[уреди]

Тимберлејк за време на играње голф во 2006 година.

Во почетокот на 1999 година, Тимберлејк стекна голема слава со љубовната врска со колешката и поп-пејачката Бритни Спирс, со која тој работел на New Mickey Mouse Club. Врската нивна неочекувано заврши во март 2002 година,каде во некои таблоиди се ширеа шпекулациите за неверство на Спирс со кореографот Вејд Робсон,кој бил заеднички пријател на Спирс и Тимберлејк. Лин Харлес вели дека како мајка таа исто така била разочарана од раскинувањето на нивната врска, но се до денешен ден таа зборува се најдобро за Спирс, " Бритни израсна во мојата дневна соба. Јас сеуште ја сакам неа до смрт. Тие (Џастин и Бритни) беа заедно 10 или 11 години и од ден на ден помеѓу нив постоеше се поголема инстант љубовна хемија. Таа е слатка девојка. Јас само го мразам она преку што поминува таа денес." Распаѓањето на нивната врска имаше влијание за Тимберлејк да гo напише текстот и темата во хитот "Cry Me A River", еден од најпопуларните синглови од албумот Justified.

После раскинувањето со Спирс,Тимберлејк обично одбивал да дискутира за својот личен живот со медиумите, како резултат на тоа што неговата врска биле главна тема на многу шпекулации во таблоидите и во печатот на славните. Тој беше вклучен и во врска со пејачката и актерка Стејси Фергусон пред 2001 година.Бил романтично поврзан со актерката и танчерка Џена Диван (во средината на 2002 година) и актерката и пејачка Алиса Милано (во периодот од септември и октомври 2002 година).Тимберлејк почна да се состанува и со актерка Камерон Дијаз наскоро откако ја сретнал на Nickelodeon Kids 'Choice наградите во април 2003 година.Чести гласини за распадот на Тимберлејк објавени во таблоидите беа или игнорирани или повремено одбиени.На 16 Декември 2006 година во една епизода на Saturday Night Live, Дијаз го претстави Тимберлејк како музички гостин на вечерта, и парот кратко време потоа официјално се раздели. После тоа таблоидите наводно тврдеа дека постои љубовна врска меѓу Тимберлејк и Скарлет Јохансон, со кого беше го снимал спотот за неговиот сингл "What Goes Around... / ...Comes Around Interlude". На 11 Јануари 2007 година Дијаз и Тимберлејк издадоа заедничка изјава:

"Отсекогаш било наша предност да не коментираме за состојбата на нашите односи, но од почит кон времето кое го поминавме заедно, се чувствуваме обврзани да го сториме тоа сега, во светлината на најновите шпекулации и за бројот на неточните приказни кои се објавени од страна на медиумите. Ние, всушност, ја завршивме нашата романтична врска и го направивме тоа меѓусебно како пријатели, со понатамошна љубов и почит кон еден спрема друг. "

Подоцна во јануари 2007 година Тимберлејк е поврзан со Џесика Бил, кога се појавија слики од нив двајца како скијаат во гратскиот парк Јута, во текот на Sundance филмскиот фестивал. На 12 мај 2007 година беа објавени романтични слики на Тимберлејк и Бил од повеќе датуми.На 9-15 Август, 2008 година во изданието на списанието “Heat” ,каде од Тимберлејк беше побарано да ја опише неговата совршена жена, тој одговори: "Пропорции околу 90-60-90 ... убав задник, Среднозападна Американка, некој вид на германско презиме, зелени очи, големи надуени усни, светла кожа, аххххх .... жилаво тело..." Меѓутоа, за време на неговата појава на шоуто "The Tonight Show with Jay Leno" на 11 јуни 2008 година, кога Џеј Лено го прашала нешто во врска со гласините за свршувачката и бременоста, Тимберлејк на шега и одговори дека тој "е привлечен од разговорот со Лено" и дека "сите воопшто можат да забременеат"

Тимберлејк беше насловен за најсекси маж во списанијата “Teen People” и “Cosmopolitan”. На 17 февруари 2009 година, Тимберлејк беше прогласен за “Маж со најголем стил во Америка” Тој е фан на англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед.

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Надворешни врски[уреди]

Претходник
Sarah Michelle Gellar and Jack Black
MTV Movie Awards host
2003 (with Seann William Scott)
Наследник
Lindsay Lohan
Претходник
Sacha Baron Cohen (as Borat)
MTV Europe Music Awards host
2006
Наследник
Snoop Dogg