Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи.
Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран.
Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја.
Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената.