Енталпија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Енталпијата (се означува со H, нарекувана уште и топлински капацитет) е збир на внатрешната енергија на материјата и производот од нејзината зафатнина и притисок. Исто како и енергијата, енталпијата се мери во џули и килоџули.[1] Името доаѓа од грчките зборови en и thalpein, што значи „загрева“.

Енталпијата е квантитативна величина и вкупната енталпија на еден систем не може да се измери директно, додека мерлива е само промената на енталпијата на еден термодинамички систем. Енталпијата е термодинамички потенцијал и е корисна особено за процеси кои се одвиваат при речиси константен притисок, каде што секој внес на енергија во системот се вклопува во неговата внатрешна енергија или се претвора во механичка работа. Промената на енталпијата на еден систем е речиси незначајна за системи при константен притисок, каде промената на енталпијата е еднаква на топлината. Инаку, не постои лесно толкувано значење за енталпијата. За едноставен систем, со константен број на честички, разликата во енталпијата е максималната количина на топлинска енергија која се добива од термодинамички процес во кој притисокот е константен.

Енталпијата се дефинира со следната равенка:

каде (сите единици се од SI)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. 19.