Диференцијал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Автомобилски диференцијал: погонскиот запченик 2. е вграден на носачот 5. кој го потпира планетарниот конусен запченик 4. кој ги зафаќа погонските запчаници 3. кои се прицврстени на полуоската 1.
Автомобилски диференцијал на Шкода 422.
Пресек на диференцијален

Диференцијал[1][2] (герм. Differential [getriebe], според Differenz: разлика од лат. differentia) или механизам за изедначување — во машинството, механизам кој овозможува раздвојување и механички пренос на торзиониот момент на сила (момент на усукување) од едното вратило на другите две под агол од 90°, при што бројот на вртежи на двете полуоски (секундарни вратила) може да бидат меѓусебно еднакви или различни, но секогаш такви што збирот на овие вртежи е константен, ако бројот на вртежи на погонското вратило е константен. Најмногу се користи кај автомобилите, каде што се вградува (монтира) како дел од оските на погонските тркала, кои во кривина се вртат со различни брзини. При погон без диференцијал, внатрешното тркало би се лизгало по подлогата. Диференцијалот може да биде изведен на неколку различни начини. Најчестата изведба на диференцијал е со стожести запченици (стожници).[3]

Механички менувач со стожници[уреди | уреди извор]

Кинематските површини на овие запченици се стошци на кои се врши валање без лизгање. Најчесто се користат при пренос на снага и кружно движење помеѓу две вратила чии оски зафаќаат прав или некој друг агол. Страничната линија на запците на стожникот може да биде права, коси или закривена. Поради сложениот геометриски облик, стожниците се доста чувствителни на точноста на производството и монтажата и на отстапување од правилната положба на оската. Модулот на стожникот нема стална вредност, туку се менува со пречникот на допирната кружница, зголемувајќи се кон поширокиот дел на стожецот.

При пресметување на овие запченици, како основа се земаат средните пречици на делбените кружници, кои се мерат на половина од ширината на забецот. Најмалиот број на запци на помалиот запченик не треба да биде помал од 13. Стожниците со прави или коси заби се користат со вкрстени вратила за преносни односи до 6. За преносни односи поголеми од 1,2, преносник со пар стожници е поскап од преносник со пар водилки, а за преносен однос поголем од 2,7 е поскап од комбиниран преносник со пар челници и пар стожници. Затоа, тие ретко се користат за редукција и мултипликација на вртежниот момент, а почесто за промена на протокот на моќност. Во однос на носивоста, важат истите податоци како и за челничко озапчување. За поголеми барања се озапчуваат косо и спирални и термички се обработуваат.

Стожници со закривени запци[уреди | уреди извор]

Стожниците со закривени запци најчесто се користат во автомобилската индустрија (менувач на брзини) и на алатните машини. Нивни предности се високиот степен на прекривање и постепен зафат, поради што имаат мирно и тивко работење.

Хиперболоидни и хипоидни запченици[уреди | уреди извор]

Хиперболоидните и хипоидните запченици спаѓаат во групата на стожести запченици со мало оскино растојание на вратилата. Хиперболоидните запченици имаат основни кинематски површини во облик на хиперболоиди. Косо и спирално озапчени стожници може да бидат спарени и така што врвовите на нивните стожести кинематски површини не се среќаваат, туку оските на стошците (конусите) се сечат. Во овој случај, тоа е хипоиден пар запченици. Хипоидните запченици се користат во диференцијалот на моторните возила.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „диференција“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „диференција“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. diferencijal, "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2019.
  4. Mato Lučić: "Elementi strojeva i konstruiranje", udžbenik za 2. razred trogodišnjih srednjih strukovnih škola u području strojarstva, Naklada Lučić, Osijek, 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]