Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Скребатно
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Седма охридска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°9′3.89″N 20°53′15.28″E / 41.1510806° СГШ; 20.8875778° ИГД |
Место | Скребатно |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | 1922 |
Живопис | 1929 |
Зограф | Крсто и Рафаил Николов |
Архитектонски опис |
Успение на Пресвета Богородица — главна манастирска црква на Скребатинскиот манастир во охридското село Скребатно.[1]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Црквата се наоѓа на влезот во познатиот Скребатински манастир, сместен високо над селото Скребатно.
Историја[уреди | уреди извор]
Црквата била значително поправена во 1922 година.[2]
Сепак, по својата градба, архитектура и остатокот од фрески во олтарната апсида, дел од црквата се верува дека потекнува од XVI век, од времето на монахот Кипријан, зограф од Слепченскиот манастир.[3]
Црквата особено пропаднала со иселувањето на скребаштани во 1960-тите години.[4]
Во 2003 и во 2006 година, црквата повторно била значително обновена. Била извршена надградба на црквата со кубе поставено на осмострана основа и сега висината на сводот изнесува 8 метри, а висината на кубето 12 метри. Доградбата била извршена по проект на охридскиот архитект Тодор Паскали.[4]
Во дворот на црквата била подигната камбанарија висока десетина метри по проект на архитектот Драги Танески.[4]
Легенда[уреди | уреди извор]
Легендата кажува дека селаните сакала да ја изградат црквата подолу, односно во близина на селото. Но, трипати, започнувале да ја ѕидаат црквата, а трипати некој навечер уривал и ги фрлал алатите повисоко.[3]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градбата на црквата е од кршен камен.[2]
Црковниот двор пред црквата е уреден до калдрма, која потекнува од охридската чаршија.[3]
Фрескоживопис[уреди | уреди извор]
Црквата поседува фрескоживопис, кој бил изработен во 1929 година од страна на Крсто Николов и син му Рафаил од селото Лазарополе.[2]
Новиот живопис изработуван во 2007 и во 2008 година бил изработен од уметниците Владимир Коцарев и Стефан Кајтез. Поседува сцени од Христовиот живот и ликови од новиот завет. Во долната зона ликовите се претставени во цел раст.[4]
Иконостас[уреди | уреди извор]
Првиот ред на иконостасот е сочинет од литиски икони. Од левата страна на царските двери е претставен Исус Христос, Св. Јован Крстител, а од десната страна Св. Богородица, Успение на Богородица и Св. Ѓорѓи. Во вториот ред се поставени 13 икони на големите празници и тоа: Св. Никола, Св. Стилјан, Воскресение Христово, Св. Спиридон, Св. Петка, Рождество Христово, Св. Атанасиј, Св. Климент, Крштение Христово, Св. Недела, Св. Илија, Св. Талалеј и Св. Наум. Во третиот ред се поставени 15 икони од кои иконите на 12. апостоли, во средината Св. Троица, а кон нив на краевите се додадени Св. Трифун и Св. Димитрија. Горе иконостасот завршува со големохристијански крст.[4]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Поглед на црквата
-
Портата со камбанаријата
-
Придружен објект до црквата
-
Куполата
-
Поглед на црквата
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
-
Иконостасот
-
Фрескоживописот во куполата
-
Припратата
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-08.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Скребатно | Zelenaberza“. zelenaberza.com.mk. Посетено на 2019-12-08.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Скребатно“. Рурален развој Охрид (англиски). 2018-10-26. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2019-12-09.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Скребатно на Ризницата ?