Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Пресека

Координати: 42°00′11.9″N 22°29′59.8″E / 42.003306° СГШ; 22.499944° ИГД / 42.003306; 22.499944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Оризарска
Местоположба

Карта

Координати 42°00′11.9″N 22°29′59.8″E / 42.003306° СГШ; 22.499944° ИГД / 42.003306; 22.499944
Место Пресека
Општина Кочани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1926
Архитектонски опис

Успение на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Пресека.[1] Сместена е во маалото Горна Пресека, на возвишение во непосредна близина на врвот Самоклепица (1.129 м).

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1926 година, но не е познато кога и од кого била осветена.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна е доградена припрата. Црквата има влез на западната страна преку припратата, како и два споредни влеза на северната страна. На јужната страна има три хоризонтално поставени квадратни прозорци, додека на северната страна има два хоризонтално поставени квадратни прозорци, сместени во просторот меѓу двата влеза. По еден квадратен прозорец има и на јужната и северната страна од припратата. Камбанаријата е прилепена до припратата. Таа има квадратна основа со влез на северната страна. Во нејзиниот горен дел има по една пространа монофора на секоја страна. Црквата во целост е обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата има четири помошни објекти, молитвен простор и дрвена помошна конструкција за верски обреди.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 30. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Оризарска пархија Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]