Црква „Св. Теодор Тирон“ - Дреновци

Координати: 41°28′04.4″N 21°32′36.9″E / 41.467889° СГШ; 21.543583° ИГД / 41.467889; 21.543583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Теодор Тирон

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Долненско-секиречка
Местоположба

Карта

Координати 41°28′04.4″N 21°32′36.9″E / 41.467889° СГШ; 21.543583° ИГД / 41.467889; 21.543583
Место Дреновци
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Теодор Тирон
Завршено 1857
Живопис 1883
Зограф Коста, Вангел и Никола Атанасовиќ
Архитектонски опис

Свети Теодор Тирон – главна селска црква во селото Дреновци.[1] Сместена е во средишниот дел на селото, во непосредна близина на основното училиште.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1857 година, а била зографисана во 1883 година.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е трикорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со осум слепи ниши.[2] Храмот има влез на јужната страна над кој има ниша со фреска во лоша состојба. Кон западната страна е доградена припрата до која води влезна врата на источната страна. Објектот е изграден од варовник и е варосан, а покриен е со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, а автори на фресокиписот се зографите Коста, Вангел и Никола Атанасовиќ од Крушево.[2]

Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од камен, а горниот од тули. На секоја страна во горниот дел има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на западната страна.

Галерија[уреди | уреди извор]

Црква
Објекти во дворот

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Црква „Свети Теодор Тирон“, село Дреновци“. OldPrilep. 27 мај 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]