Црква „Св. Петка“ - Везник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
МестоВезник, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архитект(и)Андреја
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1805
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Света Петка (грчки: Αγίας Παρασκευής) — црква во селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е парохиски храм на селото.[1]

Архитект на црквата е Андреја од Костур, кој ја изградил и „Св. Атанасиј“ во Довишта.[2] Храмот е подигнат на местото на старата црква „Св. Недела“.[3] Изградена е во три фази. Прво е изграден жртвеникот, потоа главнината на храмот нартексот, така добивајќи трикорабна базилика. Црквата е отворена на 20 октомври 1805 г. според натписот на плоча. Се чува и султанскиот ферман за неа од 17 септември 1805 г.[1]

Во парохијата влегуваат и црквите „Св. Дух“, „Св. Недела“ и „Св. Константин“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Αγίας Παρασκευής“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 31 октомври 2014.
  2. Βοζιάνη, Γεωργίου. „Ο ιερός ναός του Αγίου Αθανασίου“. Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот на 2018-03-19. Посетено на 31 декември 2017.
  3. „Μνημεία της Κοινότητας Αγίου Πνεύματος“. Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот на 2014-01-28. Посетено на 1 јануари 2018.