Црква „Св. Никола“ - Туин

Координати: 41°37′18.23″N 21°03′14.63″E / 41.6217306° СГШ; 21.0540639° ИГД / 41.6217306; 21.0540639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Целосен поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Кичевско
Парохија Четврта кичевска
Местоположба

Карта

Координати 41°37′18.23″N 21°03′14.63″E / 41.6217306° СГШ; 21.0540639° ИГД / 41.6217306; 21.0540639
Место Туин
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1922
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска црква во кичевското село Туин, Македонија.[1]

Црквата се наоѓа во горниот дел од селото и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта на христијанското население.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во Горно маало во селото.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Денешниот храм бил подигнат во 1922 година,[3] додека црквата постоела одамна, но била запалена од Арбанасите во селото пред крајот на отоманскиот период.[2]

Црквата била обновена на иницијатива на една жена од селото наречена Апостолица, која денес е погребана пред самата црква.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата поседува извесен фрескоживопис, кој бил уредуван од страна на браќата Костадин и Стојан Здравкоски.[3]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Во црквата има иконостас, кој веројатно е исто така дело на браќата Здравкоски.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 41.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2021-01-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]