Црква „Св. Никола“ - Вранештица

Координати: 41°26′45.5″N 21°01′36.69″E / 41.445972° СГШ; 21.0268583° ИГД / 41.445972; 21.0268583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата со камбанаријата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Кичевско
Парохија Прва кичевска
Местоположба

Карта

Координати 41°26′45.5″N 21°01′36.69″E / 41.445972° СГШ; 21.0268583° ИГД / 41.445972; 21.0268583
Место Вранештица
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија.[1]

Самата црква се наоѓа на влезот во селото и околу нејзе се сместени селските гробишта.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во самото село. Околу нејзе се наоѓаат гробиштата за жителите на сите маала, освен на Левото и Горното Маало, кои имаат посебни гробишта во доцносредновековните цркви „Св. Илија“ и „Св. Ѓорѓи“, соодветно.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Била подигната во втората половина на XIX век,[2] односно во периодот 1858-1861 по иницијатива на архиепископот Милетие.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црква била зографисана во 1916 година од страна на Никола Мартиноски од селото Лазарополе, додека живописот во олтарот е дело на Дичо Зограф, кој работел заедно со Глигор и Аврам, зографи од Тресонче, во 1880 година.[3]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Иконите во селото ги има насликано Методиј Јованов Здравески од селото Големо Црско.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 110.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2020-11-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]