Црква „Св. Марина“ - Флацата

Координати: 40°32′17.3″N 21°3′36.9″E / 40.538139° СГШ; 21.060250° ИГД / 40.538139; 21.060250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Марина
Αγίας Μαρίνας
Карта
40°32′17.3″N 21°3′36.9″E / 40.538139° СГШ; 21.060250° ИГД / 40.538139; 21.060250
Местоврв Флацата кај Ошени, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1949
Управа
Архијерејско намесништвоКостурско
ЕпархијаКостурска

Света Марина (грчки: Αγίας Μαρίνας) — црква во Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во јужниот дел на врвот Флацата (1.081 м), близу границата со Албанија, североисточно над селото Крчишта и меѓу селата Ошени на југ и Косинец на север.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Храмот е подигнат во чест на победата на грчката владина армија над патизаните на ДАГ во решителната Битка на Грамошта (Грамос) во август 1949 г. со која е ставен крај на Грчката граѓанска војна. Во последната фаза на војната, Флацата била упориште владините единици.[1]

Црквата е изградена во 1949 г. и првично го носела името „Пресвета Богородица“. Подигната е од војници од 4. чета на 565. баталјон, кои во тоа време биле во одбрана на Флацата.[2] Осветена е на 30 септември 1949 г. од митрополитот Никифор Костурски.[1]

Храмот е обновен во 1970 г. и преименуван во „Света Марина“ од заповедникот на XV дивизија Апостолос Бунотис. Црквата има независна камбанарија, и до неа има бетонски бункер од војната.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Ο στρατιωτικός ναός της Αγίας Μαρίνας (+ 17 Ιουλίου) στο θρυλικό οχυρό της Φλατσάτας Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 16 јули 2014. Посетено на 30 јануари 2021.
  2. „Ο ναός της Αγίας Μαρίνας στη Φλατσάτα Οινόης. Πανηγυρίζει την Κυριακή 17 Ιουλίου 2011“. 15 јули 2011. Посетено на 30 јануари 2021. Занемарен непознатиот параметар |издател= (help)