Црква „Св. Георги Победоносец“ - Блаце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Георги Победоносец

Црквата „Свети Георги Победоносец“ во селото Блаце

македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба

Карта

Место Блаце
Општина Петровец
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Георги
Изградба XVI - XVII век
Архитектонски опис

„Свети Георги Победоносец“ — црква во селото Блаце во околината на градот Скопје. Храмот се наоѓа во густа листопадна шума, североисточно од селото и до него води асфалтен пат, кој се двои од самиот почеток на селото Блаце. За историјата на оваа црква е забележано дека таа е изградена на темели на постара црква, која повеќепати била споменувана во средновековни записи и прикази за цркви и манастири[1]. Изградбата на црквата датира од XVI или XVII век, а самата црква изобилува со прекрасен живопис, икони и иконостас кои сведочат за нејзината старост. Внатре во црквата постои камен со латински натпис, кој најверојатно потекнува од блиските антички римски населби Бадаријана или Тауресиум. Во внатрешноста постојат и повеќе стари икони, меѓу кои е и иконата на патрониот светец Св. Георги како ја убива ламјата, подарена и изработена во 1866 година, од иконописец од блиското село Летевци[2]. Влезот на црквата е приземен и низок, а над него стои фреска на Свети Георгиј Победоносец со натпис на старословенски за дарителите и градителите на црквата. Околу градбата на црквата се доградувани ѕидови со што е добиен простор за трпезарија, во кој стојат масите на кои се дава ручек за патрониот празник Ѓурѓовден и останатите црковни собори и прослави. Во кругот на црквата се и селските гробишта.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.30
  2. Според запис кој стои на долниот раб на самата икона