Црква „Св. Богородица“ - Растојца

Координати: 41°19′31″N 21°11′32″E / 41.32528° СГШ; 21.19222° ИГД / 41.32528; 21.19222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Богородица

Поглед на камбанаријата со влезот во црквата во селото Растојца

македонска православна црква
Епархија Крушевско-демирхисарска
Парохија Сопотничка
Местоположба

Карта

Координати 41°19′31″N 21°11′32″E / 41.32528° СГШ; 21.19222° ИГД / 41.32528; 21.19222
Место Растојца
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Осветување околу 1874
Архитектонски опис

Свети Богородица — главна селска црква во близина на селото Растојца. Црквата се наоѓа на неколку стотина метри од селото, на десната страна од патот кој води кон селото Прибилци.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била осветена некаде околу 1874 година.[1]

Во 1967 година, од црквата била украдени три икони.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа. Изградена е од камен и е покриена со ќерамиди на две нивоа. Оградена е со камена ограда, којашто е покриена со ќерамиди. Камбанаријата се наоѓа непосредно од левата страна на влезот во дворот од црквата. Таа има шестаголна основа и е поделена во два дела. Првиот дел е изработен од камен и завршува до околу две третини од висината на камбанаријата. На некои од страните во овој дел има квадратни отвори. Вториот дел има помала основа и е изработен од дрво. Тој се состои од шест дрвени столбови, кои во долниот дел се оградени со дрвена ограда и над кои се простира кровот во пирамидален облик.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Според кажување на жител на селото. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски на 05.06.2016.
  2. Според податоци од Републичкиот завод за заштита на спомениците и културата и архивските податоци на Министерството за внатрешни работи.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]