Црква „Св. Атанасиј“ - Беранци

Координати: 41°09′26.5″N 21°21′23.1″E / 41.157361° СГШ; 21.356417° ИГД / 41.157361; 21.356417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Беранечка
Местоположба

Карта

Координати 41°09′26.5″N 21°21′23.1″E / 41.157361° СГШ; 21.356417° ИГД / 41.157361; 21.356417
Место Беранци
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба 1849
Завршено 1868
Архитектонски опис

Свети Атанасијцрква во селото Беранци.[1] Црквата се наоѓа во југозападниот дел од селото, на височина која ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото, од десната страна на патот кој води до Беранечкиот манастир.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1868 година, но била целосно разрушена во Првата светска војна, по што била обновена во 1924 година и најпосле во 1988 година.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а над него има ниша со фреска во застаклена рамка на која е прикажан Атанасиј Александриски. Споредниот влез се наоѓа на јужната страна и над него има празна ниша. На јужната страна има и два квадратни прозорци кои се распоредени во иста висина, по еден од обете страни на споредниот влез. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда, а во него се сместени камбанаријата, селските гробишта, споменик и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и во нејзиниот горен дел има по една монофора на секоја страна. Покриена е со пирамидален кров од ќерамиди.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 10. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Беранци Архивирано на 29 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]