Црква „Св. Архангел Михаил“ - Кокре

Координати: 41°17′31.1″N 21°37′30.2″E / 41.291972° СГШ; 21.625056° ИГД / 41.291972; 21.625056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Архангел Михаил

Фреска на Кирил и Методиј во наосот

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Прилепечко-витолишка
Местоположба

Карта

Координати 41°17′31.1″N 21°37′30.2″E / 41.291972° СГШ; 21.625056° ИГД / 41.291972; 21.625056
Место Кокре
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Завршено 1866
Живопис 1884
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Св. Архангел Михаилцрква во прилепското село Кокре, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен на северозападниот крај на селото. Подигната е во 1866 година според ктиторскиот натпис во мала ниша на западната фасада. Живописана е во 1884 година, што е наведено на натписот на јужниот ѕид, на кој се споменуваат и многу имиња на ктитори.[1]

Крај источната ограда на денешните гробишта, на површина од 100 м2 се пронајдени гробни конструкции од вертикално поставени камени плочи од постара некропола од средниот век. Гробовите прават редови со насоченост запад-исток.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 295.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 302. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]