Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Барово

Координати: 41°20′41″N 22°08′22″E / 41.34472° СГШ; 22.13944° ИГД / 41.34472; 22.13944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Демиркаписка
Местоположба

Карта

Координати 41°20′41″N 22°08′22″E / 41.34472° СГШ; 22.13944° ИГД / 41.34472; 22.13944
Место Барово
Општина Демир Капија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба 1868
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Рождество на Пресвета Богородица (позната како Мала Богородица) — главна селска црква во демиркапиското село Барово, Македонија.[1][2]

Црквата се наоѓа над самото сретсело оставена во запуштена состојба и без прозорци.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на самото средиште на селото Барово.[3] До нејзе се пристапува по земјен пат од мостот над долот Студенец на главниот пат Демир Капија-Конопиште, кој поминува низ селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е подигната во 1868 година на место на стара црква.[3] Била обновена во 1934 година.[2][4]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата претставува трикорабна градба со два реда колони и дрвени таваници. На нејзе има шест прозорци по три на јужната и на северната страна. Поседува два влеза на јужната и на северната страна.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата е фрескоживописана. Тоа било направена за време на нејзината обнова во 1934 година од страна на Г. Донев од селото Гари.

Иконостас[уреди | уреди извор]

На иконостасот се наоѓаат царски двери изработени од страна на Исаија Џиков од селото Осој, кој е потпишан на левото крило во долниот дел на дверите. Тие биле направени во 1870 година.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-08-22.
  3. 3,0 3,1 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 317.
  4. „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 22 август 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]