Црква „Вознесение Христово“ - Локов (селска)

Координати: 41°21′53.5″N 20°38′58.6″E / 41.364861° СГШ; 20.649611° ИГД / 41.364861; 20.649611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вознесение Христово

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Прва струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°21′53.5″N 20°38′58.6″E / 41.364861° СГШ; 20.649611° ИГД / 41.364861; 20.649611
Место Локов
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Вознесение Христово
Завршено 1939
Архитектонски опис

Вознесението Христово или Свети Спас — главна селска црква во селото Локов.[1] Сместена е на ширина во југоисточниот дел на селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Од натписот над главниот влез од црквата може да се забележи дека црквата била изградена во 1939 година.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источниот ѕид. Главниот влез е сместен на западната страна, додека на јужната страна има спореден влез. Непосредно над главниот влез има натпис со годината на изградба, а над натписот има ниша со фреска на која е насликан Исус Христос. Над споредниот влез има празна ниша. На јужната страна има три правоаголни прозорци, додека на средината од апсидата има монофора. Објектот е изграден од варовник, а на рабовите се забележуваат камени тули. Црквата е покриена со кров од ќерамиди, а апсидата со лимен кров. Внатрешноста на црквата е зографисана, а иконостасот е богат со икони.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и метален крст. Камбанаријата се наоѓа непосредно од десната страна на западниот ѕид на црквата. Таа има квадратна основа со залачени отвори во горниот дел. Варосана е во бела боја и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешен изглед и двор
Внатрешноста на црквата

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 40. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]