Црква Свети Ѓорѓи (Лалибела)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поврзано: Црква Свети Ѓорѓи (појаснување)
Црква Свети Ѓорѓи
Bete Giyorgis
Bet Giyorgis church Lalibela 01.jpg
Основни податоци
Место Лалибела, Етиопија
Координати
Религија Христијанство
Држава Етиопија
Осветен 13 век
Водство Етиопска православна црква
Архитектонски опис
Архитектонски тип црква,
Карактеристики
Ширина 25
Ширина (основа) 25
Висина (макс.) 30

Црквата Свети Ѓорѓија (амхарски: Bete Giyorgis? или Бет Георгис) е монолитен храм кој се наоѓа во Лалибела, Етиопија. Христијанскиот храм бил изграден во текот на 13 век. Овој храм бил изграден најдоцна од единаесетте цркви во областа, па често пати се нарекува и како Осмо светско чудо.[1]. Неговите димензии се 25 x 25 x 30 метри[2]. Црквата е посветена на Свети Ѓорѓија, покровител на Етиопија.

Историја[уреди]

Според етиопските преданија, оваа црква била изградена во времето кога кралот Гебре Мескел Лалибела од династија Загве, која на власт во земјата дошла во почетокот на 10 век. Во текот на неговото владеење, неговите ривали постојано се обидувале да ја заземат неговата власт, па се обидиле и да го отрујат. Самиот крал побарал помош од Етиопската православна црква. Тој слушнал гласини од страна на Свети Георги и Господ[3][4] i Bog[1], кои говориле дела самиот крал бил задолжен да го изгради вториот Ерусалим, бидејќи вистинскиот се наоѓал во рацете на муслиманите. Според некои извори, самиот крал бил во Светата Земја, и бил инспириран од тоа што го видел. Сепак, при изградба на комплексот од цркви, тој во никој случај не се обидел да наметне некоја копија од блискоисточните храмови[5].

Првите жители од Европа кои го посетиле комплексот биле Португалците во текот на 16 век. Се вели дека кога португалскиот капетан кога ги известил властите на Португалија за убавината на храмот, тие едноставно не можеле да поверуваат дека е можно да постоат такви градби во Африка.

Опис[уреди]

Црвата се наоѓа на определена далечина од останатите цркви во целиот комплекс. Таа се наоѓа во длабок ров, чија основа наликува на крст. Нејините невообичаени прозорци наликуваат на оние од катедралата во Аксум. Во нејзината внатрешност се наоѓа стенопис од Свети Ѓорги, како убива змеј. Сите цркви се меѓусебно поврзани со подземно тунели.

Црквата денес[уреди]

Денеска оваа црква припаѓа на Етиопската православна црква. Објектот е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО[6] . Комплексот денеска е еден од најголемите туристички атракции во земјата.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Lalibela:The Eighth Wonder of the World“. Tzu Chi Foundation. http://taipei.tzuchi.org.tw/tzquart/2000fa/qf3.htm. конс. 10 ноември 2006. 
  2. „Rock-Hewn Churches of Lalibela“. Sacred Destinations. http://www.sacred-destinations.com/ethiopia/lalibela.htm. конс. 10 ноември 2006. 
  3. „The recording of Bet Giorgis“. GIS Development. http://www.gisdevelopment.net/application/archaeology/general/archg0012pf.htm. конс. 10 ноември 2006. 
  4. „Ethiopia“. L.B. Associates (Pvt) Limited. http://www.diplomatist.com/page/ethiopia.htm. конс. 10 ноември 2006. 
  5. www.sacred-destinations.com
  6. „Rock-Hewn Churches, Lalibela“. United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization. http://whc.unesco.org/pg.cfm?cid=31&id_site=18. конс. 10 ноември 2006. 

Надворешни врски[уреди]