Циркуски свет

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Циркуски свет“ (англиски: Circus world) — филм на режисерот Хенри Хатавеј (Henry Hathaway) од 1964 година. Автори на сценариото се: Бен Хехт (Ben Hecht), Џулина Халеви (Julina Halevy) и Џејмс Едвард Грант (James Edward Grant), а тоа е засновано врз приказната на Николас Реј (Nicholas Ray) и Бернард Гордон (Bernard Gordon), но бидејќи тој се наоѓал на т.н. „црн список“, наместо него се потпишал Филип Јордан (Philip Yordan). Главните улоги ги играат: Џон Вејн (John Wayne), Клаудија Кардинале (Claudia Cardinale), Рита Хејворт (Rita Hayworth), Џон Смит (John Smith), Лојд Нолан (Lloyd Nolan), Ричард Конте (Richard Conte) и Катарина (Katharyna). Филмот претставува епска циркуска мелодрама, со елементи на спектакл, во која се мешаат извонредните циркуски атракции и возбудливиот однос меѓу ликовите, а сето тоа проткаено со хумор. Овој е вториот американски филм во кој настапила Кардинале, а првиот во кој таа ја игра главната женска улога. Хејворт, пак, за својата улога била номинирана за наградата „Златен глобус“ за најдобра глумица во драма, додека оваа награда ја освоил познатиот композитор Дмитри Тјомкин, кој ја компонирал насловната песна „Циркуски свет“ според текстот на Нед Вашингтон.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Мат Мастерс е сопственик на голем американски циркус кој се наоѓа на турнеја низ Европа. Уште при доаѓањето во Барселона, циркусот се соочува со проблеми, зашто во пристаништето се превртува бродот со опремата. Мат наскоро дознава дека Лили, неговата поранешна трапезистка и љубовница, се наоѓа во Германија, па оди да се состане со неа. Таа е обременета со чувство на вина поради смртта на нејзиниот сопруг и поради тоа го напуштила циркусот, оставајќи ја својата ќеркичка Тони кај Мат. Сега, Тони има 18 години и е една од ѕвездите на Матовиот циркус, но не знае дека мајка ѝ се наоѓа во близината, ниту пак дека таа му била љубовница на Мат...

Наводи[уреди | уреди извор]