Хрељо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрељо
Хрељовата кула во Рилскиот манастир
Роден13ти век
Починал27 декември 1342
Држава Кралство Србија
Византија Византиска империја
Службаca. 1320s-1342
ЧинПротосеваст

Хрељо - благородник, војсководец, протосеваст на српскиот крал Стефан Дечански (1321–1331) и на српскиот цар Стефан Душан (1331–1355), ќесар на Византија и епски јунак.

Како веќе истакнат војсководец, Стефан Дечански под негова команда му испратил помош во војска на византискиот владетел Андроник II против неговиот внук Андроник III (1327). Во една повелба Андроник Ⅲ го нарекува „велики доместик“. Средиштето на неговите владенија првин било во Штип, а го обновил Рилскиот манастир (1334) и таму ја изградил познатата Хрељова кула (1335). Тогаш неговото владение се простирало на областите на Штип, Струмица и планината Рила. Подоцна, од непознати причини, се одметнал од Стефан Душан и ја признал врховната власт на Византија (1339/1340), при што ја добил титулата ќесар и образувал свое кнежевство со средиште во крепоста во Струмица. По смртта на императорот Андроник Ⅲ (1341) учествувал во граѓанската војна во Византија (1341–1347) и за помошта на страната на Јован Кантакузин, тој му го отстапил градот Мелник. Во тоа време неговото владение го опфаќало просторот меѓу Штип, Мелник и левиот брег на реката Струма.

Со склучениот сојуз помеѓу Јован Кантакузин и Стефан Душан (летото 1342), неговото владение пак потпаднало под српска власт. Стефан Душан ги зазел Воден, Струмица и Мелник и го опсадил Серез. Лишен од власта, тој се повлекол во Рилскиот манастир и се замонашил под името Харитон, но ненадејно починал. Веројатно бил убиен по наредба на Стефан Душан.