Хотел од милион долари (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хотел од милион долари (англиски: The Million Dollar Hotel) е игран филм, во режија на познатиот германски режисер Вим Вендерс, снимен во 2000 година.

Дејство[уреди]

"Хотел од милион долари" претставува криминалистичка драма со примеси на комедија. Дејството се одвива во Лос Анџелес во еден хотел во кој живеат пропаднати и сиромашни луѓе со сериозни психички проблеми и со необично однесување. Кога еден од станарите во хотелот, наркоманот Изи, ќе се фрли од покривот на зградата, се открива дека, тој, всушност, е син на богат Евреин. Таткото на Изи не верува дека станува збор за самоубиство и бара полициска истрага. За таа цел, во хотелот пристигнува специјалниот агент на ФБИ Џеј Ди Скинер (го игра Мел Гибсон) кој за свој помошник го одбира Том Том (го игра Џереми Дејвис)- младо момче со ментални проблеми кое е вљубено во проститутката Елоиз (ја игра Мила Јовович). Главни осомничени за смртта на Изи се Индијанецот Џеронимо и Дикси, кој си замислува дека е петтиот член на Битлси.[1]

Учесници и награди[уреди]

Режисер на филмот е познатиот германски режисер Вим Вендерс. Главните улоги ги играат: Џереми Дејвис, Мила Јовович, Мел Гибсон и Џими Смитс. Приказната врз која е заснован филмот ја напишал пејачот на У2 (U2) - Боно Вокс (Bono Vox). Сценариото го напишал Николас Клајн. Музиката за филмот е дело на Боно Вокс, Брајан Ено и Даниел Леноа. Филмот бил награден со Сребрена мечка на Берлинскиот фестивал во 2000 година.[2]

Наводи[уреди]

  1. Антена, број 747, 19.10.2012, стр. 3.
  2. Антена, број 747, 19.10.2012, стр. 3.


Надворешни врски[уреди]