Хатуние џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хатуние џамија
Основни податоци
МестоБитола, Македонија
ПрипадностСунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска архитектура
неокласична архитектура
Завршен1903
Особености
Должина13,5 м
Ширина8,55 м
Минариња1

Хатуние џамија (Hatuniye Cami) — муслимански храм во градот Битола.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во горниот дел на градот, во старата муслиманска населба Бали Војвода.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Џамијата е изградена во 1903 година и можеби е последна во градот пред да влезе во Србија по Балканските војни. Името на џамијата покажува дека нејзин основач била истакната дама. Можно е храмот да се поврзува со култот на познатата муслиманска светица Рабија Хатун од Басра (714 - 801 г.), чиј култ бил пренесен на Балканот од бектешите.[1] Името може да биде поврзано и со титулата давана на легитимните сопруги на султанот.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Дворот на џамијата со минарето и малите гробишта околу неа бил ограден со ѕид.[1] Џамијата е скромна правоаголна градба со димензии 13,5 мх 8,55 м. На западната страна има трем. Покривот е кос, стрмен со ќерамиди. Минарето се наоѓа на десната страна на џамијата и е ниско со едноставна декорација на шерефето. Над влезот има мермерна плоча со натпис:[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Mihajlovski, Robert (2013). „The Nineteen-Century Ottoman Religious Architecture and Culture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. (11): 216. Посетено на 19 март 2022.
  2. 2,0 2,1 Mihajlovski, Robert (2013). „The Nineteen-Century Ottoman Religious Architecture and Culture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. (11): 217. Посетено на 19 март 2022.