Харинговидни риби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Харинговидни
Clupeiformes
Alosa fallax
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Ред: Clupeiformes
Фамилии

Denticipitidae
Engraulidae
Pristigasteridae
Chirocentridae
Clupeidae
Sundasalangidae

Харинговидните риби се зракоперки кои припаѓаат на единствениот ред Clupeiformes во рамките на надредот Clupeomorpha. Едни од најпознатите претставници од овој ред се харингите (од фамилијата Clupeidae) и сардините (од Engraulidae). Оваа група ги вклучува во себе едни од најважните риби кои се користат во исхраната.

Повеќето се морски видови, но има проодни и слатководни. Најчесто се среќаваат во северната полутопка. Најголемо видово разнообразие има во западните делови на Тихиот Океан и во Индискиот Океан.

Харинговидните риби се фисостоми , што значи дека нивниот рибен меур поседува пневматски канал преку кој се поврзува со цревото. Обично кај нив отсуствува страничната линија, но пак затоа имаат карактеристични очи, перки и крлушки. По боја најчесто се сребренести со вретеновидни тела и обично живеат во големи јата. Поголемиот дел од видовите се исхрануваат со планктон, што го филтрираат со посебни коскени структури од жабрениот апарат.[1]

Систематика[уреди]

Овој ред содржи околу 300 вида распоредени во шест фамилии:[2]

Ред Clupeiformes

Наводи[уреди]

  1. Nelson, Gareth (1998). Paxton, J.R. & Eschmeyer, W.N.. уред. „Encyclopedia of Fishes“. San Diego: Academic Press. стр. 91-95. ISBN 0-12-547665-5. 
  2. Шаблон:FishBase order