Флорисиента

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Флорисиентa

Постер од серијата
Жанр драма, тинејџерска, комедија теленовела
Создадена од Крис Морена
Патрисија Малдонадо
Настапуваат Флоренсија Бертоти
Хуан Гил Наваро
Бенхамин Рохас
Фабио Ди Томасо
Изабел Мачедо
Грациела Стефани
Композитор на насловна тема Крис Морена
Најавна песна "Floricienta" -by Florencia Bertotti
Земја на потекло Аргентина
Јазик Шпански
Број на сезони 2
Број на епизоди 361
Продукција
Продуцент(и) Крис Морена
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Канал 3 / 13
Емитување 15 март 20042 декември 2005
Официјална Веб-страница

Флорисиента (шпански: Floricienta) е хит тинејџерска аргентинска теленовела. Серијата е снимена во Аргентина, во текот на 2004/2005 година, во две сезони. Стекнала многу популарност и надвор од нејзините граници. Во текот на последните години, снимени се и неколку на оваа тинејџерска серијa. Оваа тинејџерска теленовела е снимата од истата продукција која ја снимаше мега популарната Млади Бунтовници, резлутат на тоа е и дел од актерската екипа се појавуваат од оваа серија.

Синопсис[уреди]

Ова е романтична и хумористична приказна за Флорисиента, модерната Пепелашка, бунтовничка и оптимистка. Нејзината најголема среќа е да танцува и да пее со музичката група која ја формирала со своите пријатели. Без искуство добива работа како помошничка во вилата на фамилијата Фриценвален. Во куќата некои многу ја сакаат а некои и ја презираат. Нејзина најголема среќа се децата Фрицевалден: Мартин, Томас, Маја и Николас, и другите членови малце поголемите Франко и Федерико. Принцот на оваа приказна е Федерико, најстариот од Фрицевалден. На овој принц најмалку нешто што размислува е да се вљуби. Поради трагичната смрт на неговите родители во несреќа, тој морал да ги напушти студиите и фамилијарните обврски во фамилијата. Неговото срце е затворено за среќа и љубов, и неговата најголема болка во главата е бунтовноста на неговите браќа. Децата дознаваат дека Флор пее и сакаат да ги земе со нив и тие да пеат. Децата се воодушевени од музиката, и со емоции и среќа им се препуштуваат во музиката, и со помош на Флор, и тие формираат бенд. Но животот на Флор се комплицира, бидејќи во секоја добра приказна не може да не биде една лоша вештерка, и во овој случај тоа е Малала, кумата на Федерико, една злобна негативка, која единствена цел и е да ја омажи својата злобна ќерка Делфина, за Федерико, за да добие дел од наследството од фам. Фрицевалден. Таа најмногу сака да ја избрка Флор засекогаш од куќата, бидејќи дознава дека помеѓу неа и Федерико се раѓа голема љубов и ненадејно дознава дека всушност Флор е полусестра на нејзините две ќерки и воедно вонбрачно дете на нејзиниот покоен сопруг. Во куќата се случуваат разни интересни работи. Но, со злобата на Малала и нејзината ќерка Делфина, ќе успеат да го убедат Федерико да се ожени за неа. После венчавката, тие треба да отидат во црква, но пред тоа Федерико дознава за сите лаги. тој ја остава Делфина пред црквата и продолжува со Флор. Тие заедно сакаат да одат на патување, но се случува несреќа во која Федерико го губи животот. Наследството и останува на Делфина, но духот на Федерико, ќе отиде во Максимо, гроф од градот Крикораган, кој нема да се сеќава на ништо, а всушност тој ке биде Федерико. Максимо ќе мора да се грижи за децата. Флор подоцна ќе дознае дека тој е Федерико, ќе се омажи за него, и ќе му роди 3 деца. И така некако завршува приказната за модерната Пепелашка.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Флоренсија Бертоти Флорисиента / Флор
Хуан Гил Наваро Федерико
Бенхамин Рохас Франко
Изабел Мачедо Делфина
Грациела Стефани Малала
Зулма Фајад Титина
Агустин Сиера Мартин

Надворешни врски[уреди]