Бенхамин Рохас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Бенјамин Рохас
Benjamín Rojas
Роден(а) 16 април, 1985
Аргентина Ла Плата, Аргентина
Други имиња Бенха, Нано
Активност 1998-сѐ уште

Бенјамин Рохас (шпански: Benjamín Rojas) (роден 16 април, 1985) е познат аргентински глумец. Тој е најмал во неговото семејство од тројца браќа и една сестра. Заедно со неговите родители (Росалина и Почи) неговото детство и адолесценција ги поминал во родниот град Ла Плата . Тој како мал не ни сонувал дека ќе стане актер , се додека неговиот вујко не испратил негова слика на аудиција за улога во една серија на Крис Морена Груп. Вели дека доколку не бил глумец , ќе бил архитект.

Својата кариера ја започнува на 10 годишна возраст во детската сапуница "Chiquititas" (дечиња) во улогата на Јаго, дете од џунглата. Подоцна ја добива улогата на Баутиста Арсе во истата серија. Тогаш всушност ја наоѓа својата прва девојка, Камила Бордонаба. Потоа во 2002 и 2003 глуми во серијата „Млади бунтовници“ (Rebelde Way) кога и го достигнува својот најголем успех. Истата година (2002) станува член на мега-популарната група Erreway. Во 2004 ја снима филмската верзија на "Rebelde Way"- "Erreway 4 caminos" (Еревеј 4 чекори). Потоа настанува распад на групата, Поради тоа што Луисана Лопилато ја напушта групата. Во 2004 глуми во серијата "Floricienta" (Фефелашка) која достигнува огромен успех со своите 2 сезони (2004 и 2005). Во 2006 повторно се оформува Erreway, но без Луисана и тие прават концерти низ Шпанија. Истата година глуми во „Alma Pirata“ (Пиратска душа) заедно со Луисана , а во 2008 го снима филмот La Leyenda (Легендата) , приказна за автомобилизам . Во 2009 добива понуда од Крис Морена ( продуцентката со која ги има работено речиси сите проекти) да работи на серија со каналот Дизни , која ќе биде на англиски јазик. тој поминува 1 месец во Њујорк да го усоврши јазикот , и потоа ја снима мегапопуларната Jake and Blake која се прикажува низ целиот свет на каналот Дизни. По 2 години пауза , во 2011 ја снима серијата "Cuando me sonreis" (Кога ќе ми се насмееш) заедно со Факундо Арана и Хулиета Диаз. Исто така глуми и во мини серијата Atrapados. Негова девојка речиси 4 години беше Мариа Дел Серо.

Надворешни врски[уреди]