Филип Рикер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филип Т. Рикер
Philip T. Reeker.jpg
Роден Пенсилванија, САД
Националност Американец
Занимање Дипломат
Сопружник Солвеи Џонсон Рикер


Филип Т. Рикер (анг. Phillip T. Reeker) е дипломат кој служел како амбасадор на САД во Република Македонија помеѓу септември 2008 г. и август 2011 г. и моментално ја извршува функцијата заменик помошник на заменикот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања.[1]

Рикер е роден во Пенсилванија, а својата младост ја поминал во неколку делови од САД, како и во Австралија. Дипломирал на Јеил во 1986, а магистрирал на Тандербирд Факултетот за меѓународен менаџмент во 1991. Оженет е за Солвеи Џонсон Рикер, која исто така е член на Форин Сервисот. Освен англискиот Рикер течно ги зборува македонскиот, унгарскиот и германскиот јазик.


На 18 март 2008, претседателот Џорџ Буш го номинираше Филип Т. Рикер за амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија. Неговата номинација беше потврдена од Сенатот на САД на 1 август, а тој даде свечена заклетва на 10 септември. Од јуни 2007 до јуни 2008, тој работеше како советник за односи со јавност на амбасадорот на САД во Ирак.

Рикер бил заменик шеф на мисијата во Будимпешта, Унгарија, од 2004 до 2007 година. Од 2000 до 2003 година, тој бил на функцијата заменик портпарол и заменик помошник секретар во Бирото за односи со јавност на Стејт департментот. Во 2003 и 2004, како професионален дипломат и именуван портпарол на Стејт департментот, патуваше во САД и во странство, при што држеше предавања и даваше интервјуа за надворешната политика на САД и за дипломатијата.

Претходно, во периодот, 1999 - 2000, г-динот Рикер беше директор за односи со медиуми во Стејт департментот. Од 1993 до 1996 беше помошник на советникот за информирање во Будимпешта, Унгарија, а од 1997 до 1999 беше советник за односи со јавност во Скопје, Македонија. Работеше како портпарол и за амбасадорот Кристофер Р. Хил и за Процесот Рамбуе (мировните преговори за Косово).

Надворешни врски[уреди]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]