Филип Пулман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филип Пулман
Philip Pullman 2005-04-16.png
Пулман во април 2005
Роден(а) 19 октомври 1946 (1946-10-19) (67 г.)
Norwich, England
Занимање Novelist
Образование English literature
Високо образование Exeter College, Oxford
Жанрови Fantasy
Значајни дела His Dark Materials trilogy,
The Good Man Jesus and the Scoundrel Christ

philip-pullman.com

Филип Пулман (Philip Pullman), роден на 19 Октомври, 1946 година, е англиски писател од Норвич. Тој е најдобро продаваниот автор на неколку книги, особено на неговата трилогија на фантастични романи Неговите Темни Материјали (His Dark Materials) и неговата фиктивна биографија на Исус, Добриот човек Исус и никаквецот Христос (The Good Man Jesus and the Scoundrel Christ). Првата книга од Неговите Темни Материјали се претвори во филм - Златен компас (The Golden Compass) и првите две книги од неговиот серијал за Сели Локхарт, како и романот за деца Бев Стаорец! (I was a Rat!) имаат своја телевизиска адаптација.

Во 2008 година, Тајмс го сврсти името на Пулман во својата листа на "50 најголеми британски писатели од 1945 година".

Раниот дел од неговиот живот го поминал патувајќи низ светот, бидејќи неговиот татко и неговиот очув биле во Кралските воздушни сили. Тој поминал дел од детството во Австралија, каде што прв се сретнува со чудото на стриповите, а најмногу се воодушвува од Супермен и Бетмен. На возраст од 11 години, живее во Северен Велс, откако се вратил во Британија. Тоа е време кога на децата им било дозволено да се шетаат насекаде, да играат на улиците, да талкаат по ридови, а тој максимално го искористил тоа. Неговата професорка по англиски јазик, Мис Енид Џонс, извршила големо влијание врз него, а поради тоа, тој се уште и испраќа копии од неговите книги.

По завршување на училиштето, тој заминал во Ексетер колеџот, Оксфорд, за да студира англиски јазик. Тој работел повеќе разни работи, но по некое време се враќа во Оксфорд да стане учител. Тој предава во различни средни училишта дванаесет години, а потоа се преселил во Вестминстер колеџ, Оксфорд, да биде професор. На крајот ја напушта наставата со цел да се посвети на пишувањето со полно работно време.

Неговиот прв објавен роман бил за возрасни, но потоа почнал да пишува за деца. Некои од неговите романи се пишувани врз основа на игри кои тој ги спремал за неговите ученици, како што е Руби во чадот. Тој е најдобро познат по наградуваниот Неговите Темни Материјали, серијал кој се состои од книгите Поларната светлина, Суптилниот нож и Килибарниот телескоп.

Екранизации[уреди]

- Во 2001 година БиБиСи емитуваше мини-серија која беше телевизиска адаптација на детскиот роман Бев Стаорец!(I was a Rat!) во три едночасовни епизоди.

- Филмската адаптација на Тетоважата Батерфлај (The Butterfly Tattoo)заврши на 30 септември 2007 година. Тетоважата Батерфлај е проект, поддржан од Филип Пулман, за да им овозможи на младите уметници шанса да стекнат искуство во филмската индустрија. Филмот е продуциран од страна на холандската продуцентска куќа Динамички забава (Dynamic Entertainment).

- Филмската адаптација на Поларната светлина, под наслов Златниот Компас (The Golden Compass), беше прикажан во декември 2007 година од страна на New Line Cinema, во него глумат Никол Кидман, Даниел Крег, Ева Грин, Сем Елиот, Иан McKellen, и Дакота Блу Ричардс.

Библиографија[уреди]

(наслови во оригинал)

Книги[уреди]

  • 1972 The Haunted Storm
  • 1976 Galatea
  • 1982 Count Karlstein
  • 1987 How to be Cool
  • 1989 Spring-Heeled Jack
  • 1990 The Broken Bridge
  • 1992 The White Mercedes
  • 1993 The Wonderful Story of Aladdin and the Enchanted Lamp
  • 1995 Clockwork, or, All Wound Up
  • 1995 The Firework-Maker's Daughter
  • 1998 Mossycoat
  • 1998 The Butterfly Tattoo (re-issue of The White Mercedes)
  • 1999 I was a Rat! or The Scarlet Slippers
  • 2000 Puss in Boots: The Adventures of That Most Enterprising Feline
  • 2004 The Scarecrow and his Servant
  • 2010 The Good Man Jesus and the Scoundrel Christ

Серијал со Сели Локхарт (Sally Lockhart)[уреди]

  • 1985 The Ruby in the Smoke
  • 1986 The Shadow in the North (првично издадена како The Shadow in the Plate)
  • 1991 The Tiger in the Well
  • 1994 The Tin Princess

Серијал со The New-Cut Gang[уреди]

  • 1994 Thunderbolt's Waxwork
  • 1995 The Gasfitter's Ball

Неговите мрачни материјали (His Dark Materials)[уреди]

  • 1995 Northern Lights, реиздадена со нов наслов, The Golden Compass во САД
  • 1997 The Subtle Knife
  • 2000 The Amber Spyglass

Придружни книги[уреди]

  • 2003 Lyra's Oxford
  • 2008 Once Upon a Time in the North
  • ???? The Book of Dust (сеуште неиздадена)

Адаптации[уреди]

  • 1990 Frankenstein
  • 1992 Sherlock Holmes and the Limehouse Horror

Наслови кои не се фантастика[уреди]

  • 1978 Ancient Civilisations
  • 1978 Using the Oxford Junior Dictionary

Стрип[уреди]

  • 2008 The Adventures of John Blake во изданието на ДФЦ (David Fickling Books)

Извор[уреди]