Никол Кидман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Никол Кидман
Nicole kidman3cropped.jpg
на Канскиот филмски фестивал во 2001
Роден(а) Никол Мери Кидмен
20 јуни 1967 (1967-06-20) (47 г.)
Хонолулу, Хаваи, САД
Активност 1983 - сѐ уште
Сопруг(а/и) Том Круз (1990 - 2001)
Кит Урбен (2006 - сѐ уште)

Никол Мери Кидман (англиски: Nicole Mary Kidman) (родена 20 јуни 1967) e австралиска глумица, добитничка на доста Оскари и наградуван светски хуманитарец. Кидман е одбрана и за Граѓанин на светот од страна на ОН и е амбасадор на добра воља на УНИФЕМ и УНИЦЕФ. Во 2006, таа беше одбрана за придружничка во поредокот на Австралија, најголемата државна чест во Австралија.[1] Истата година, таа исто така беше и најплатената глумица во филмската индустрија.[2]

Никол се пробива во 1989 со трилерот Dead Calm. Нејзините изведби во филмовите Days Of Thunder, To Die For (1995), Moulin Rouge! (2001) и The Hours (2002) и донесоа голема слава. Во 2003, Кидман се здобива со ѕвезда на улицата на славните во Холивуд, Калифорнија. Таа е добро позната и по контровезниот брак со познатиот глумец Том Круз и по сегашниот брак со музичарот Кит Урбен. Бидејки е родена во Хонолулу, Хаваи, но од родители Австралијанци, Кидман има двојно државјанство и од Австралија и од САД.[3]

Ран живот и семејство[уреди]

Кидман е родена во Хонолулу, Хаваи. Нејзиниот татко, д-р Ентони Дејвид Кидман, е биохемичар, психолог и автор.[4][5][6] Нејзината мајка, Џејнел Ен е инструкторка на медицински сестри, која исто така и ги уредува книгите на својот сопруг и била член на една австралиска група која се бори за правата на жената. Пред нејзиното раѓање, нејзиниот татко бил член - посетител на Националниот институт за Психијатрија во Вашингтон. Семејството на Кидман се враќа во Авcтралија кога таа имала четири години, и кога татко и преземал предавачко место на универзитетот за технологија во Сиднеј. Родителите на Кидман сега живеат во Гринвич, предградие на Северниот Брег на Сиднеј. Кидман има помлада сестра, Антонија Кидман, родена во 1970, која е новинарка и живее во близина на нејзините родители во Гринвич.

Таа почнува да зема часови по балет на четири годишна возраст. Таа го посетува државното основно училиштето Лејн Коув во нејзините рани години, а подоцна се запишува во Норт Сиднеј, средно училиште за девојки. Откако завршува средно се запишува на Викторискиот колеџ за уметности во Мелбурн заедно со нејзината пријателка Наоми Вотс.

Кариера[уреди]

Рана Кариера во Австралија (1983-1989)[уреди]

Прво филмско појавување на Кидман беше во 1983, кога на петнаесет годишна возраст, таа се појави во музичкиот спот на Пет Вилсон за песната "Bop Girl". На крајот од годината таа си обезбеди споредна улога во телевизиските серии "Потокот од пет милји" и пет филмски улоги, вклучувајќи ги "БМХ Разбојници" и "Божиќно Дрво" . За време на осумдесетите таа се појави во неколку Австралијански филмови и телевизиски серии, вклучувајќи ја и сапунската опера "Државна работа" , мини сериите "Виетнам" (1986) , "Градот Емералд" (1988), и "Банкок Хилтон", (1989).

Пробив (1989-1995)[уреди]

Во 1989 Кидман глумеше во филмот трилер "Мртво Смирен" како Рае Инграм, сопруга на поморски офицер Џон Инграм (Сам Неил), задржани како робови на патување на јахта на Пацифичкиот Океан од страна на психопатот Хуги Варинер (Били Зеин). Трилерот општо добива позитивни критики. На почетокот на 1990 година Кидман постигнува голем успех и ја бие добар глас низ Австралија.

Важни успеси (1995-сегашни)[уреди]

Нејзиниот втор филм во 1995, "Да Се Умре За" беше сатирична комедија со што ја заработи нејзината издигнатост од страна на критичарите. Таа доби награда Златен Глобус, и пет други награди за најдобра актерка за нејзиното интерпретирање на крвавата спикерка Сузан Стоун Марето.

Таа го среќава Том Круз на „Toni Scott’s Days“ во 1999 година каде Кидман и Круз прикажаа брачна двојка во филмот "Очи Широко Затворени" во последниот филм на Стенли Кубрик. Кидман станува голема ѕвезда како и нејзиниот сопруг. Таа има две посвоени деца со Круз, Изабела Џеин, 14, и Конор, 12.

Во 2002 Кидман добива номинација на Оскарите за нејзината изведба во 2001 во музичкиот филм "Мулин Руж", во кој таа ја глуми куртизаната Сатин наспроти Иван Мек Грегор. Според тоа Кидман ја добива нејзината втора награда Златен Глобус за најдобра актерка во "Мјузикал или Комедија". Истата година таа доби одлична улога во хорор филмот "Другите". За време на снимањето на филмот "Мулен Руж" во Австралија, Кидман си го повреди коленото и како резултат на тоа Џоди Фостер мораше да ја замени во филмот "Соба за Паника".

Наредната година Кидман доби важно издигнување за нејзината интерпретација како Вирџинија во "Часовите", во која доби Оскар за Најдобра Актерка, заедно со Златен Глобус и BAFTA Награда. Кидман беше првата австралиска актерка која доби Оскар.

Во септември 2004 година во филмот "Раѓањето", 37 годишната актерка Кидман се вљубува во десет годишно момче (кој го глумеше Камерон Брајт), кој настојуваше да ја убеди во повторното раѓање на нејзиниот сопруг. Спроти тоа, филмот беше номиниран за Златен Оскар на „Vinece Film Festival“. И покрај критиките за неа и нејзиниот вокал, дуетот со Мек Грегор и песната „Come What May” беше голем хит во нејзината родна Австралија и се пласираше на високите списоци се до појавувањето на нејзиниот следен дует со поп ѕвездата Роби Вилијамс, вклучувајќи ја „Somethin Stupid” во нејзиниот албум „Swing When You're Winning“ во 2001 година.

Филмографија[уреди]

  • Светлозелениот Град (Хелен, 1988)
  • Мртво Смирен (Рае Инграм, 1989)
  • Деновите на Громотевицата (др. Клер, 1990)
  • Флертување (Никол, 1991)
  • Далеку (Шанон Кристи, 1992)
  • Мојот Живот (Геил Џонс, 1993)
  • Бетмен Засекогаш (др. Меридиа, 1995)
  • Портретот на една Дама (Исабела Арчер, 1996)
  • Миротворецот (др. Џулиа, 1997)
  • Практична Магија (Џулиа Овенс, 1998)
  • Очи Широко Затворени (Алис Харфорд, 1999)
  • Другите (Грејс Стјуард, 2001)
  • Часовите (Вирџиниа Вулф, 2002)
  • Студената Планина (Ада Монро, 2003)
  • Доџвиле (Грејс Маргарет, 2003)
  • Раѓање (Ана, 2004)
  • Преведувачот (Силвиа Брум, 2005)
  • Крзно (Диан Арбус, 2006)
  • Златен Компас (Мариса Колтер, 2007)
  • Инвазијата (Керол Бенел, 2007)
  • Австралија (Сара Ешли, 2008)

Надворешни врски[уреди]

  1. Stafford, Annabel: Kidman and the Kennedys honoured for their service, The Age, 14 април, 2007.
  2. msnbc (30 ноември, 2006). „Nicole Kidman highest paid female actor in film industry.“. msnbc. http://www.msnbc.msn.com/id/15958023/. 
  3. Nicole Kidman: 'Back to my core', 'Birthday Girl' is 'about the "unlikeness" of two people'“, „CNN“, 18 јануари, 2002 (конс. 27 мај 2008).
  4. Keneally, Tom. „FILM; Nicole Kidman, From Down Under to 'Far and Away'“, The New York Times, 24 мај 1992 (конс. 9 декември 2007).
  5. Thomson, David (September 2006). „Nicole Kidman“. Knopf. ISBN 1-4000-4273-9. http://www.amazon.com/dp/1400042739/. 
  6. Ancestry of Nicole Kidman