Физика на тагата
„Физика на тaгата“ е роман на бугарскиот писател, поет и драматург Георги Господинов од 2011 г.[1]
Романот е издаден на бугарски јазик од издавачката куќа „Жанет 45“ во декември 2011 г. Романот е преведен на повеќе јазици а на англиски јазик во САД (The physics of sorrow) е издаден од издавачката куќа Опен Летер Букс (анг:Open Letter Books) во април 2015 г. во превод на Анџела Родел.[2][3] Романот исто така е издаден на македонски јазик во 2015 од „Или-или“.
Во 2019 г. режисерот и аниматор Теодор Ушев го создал анимираниот филм „Физика на тагата“, чиешто дејство се се базира на романот.
Награди[уреди | уреди извор]
- Национална награда на Бугарија „Христо Г. Данов“ (2012)
- Наградата на Столична општина за остварувања во областа на културата, категорија „Литература“ (2012)
- Награда „Цветот на Хеликон“ за најпродавана бугарска книга (2013)
- Национална литературна награда за бугарски роман на годината „13 векови Бугарија“ (2013)[1]
- Швајцарска литературна награда „Јан Михалски“ (2016)[4]
Финалист е на четири европски фестивали:[1]
- Premio Strega Europeo
- Gregor von Rezzori
- Haus der Kulturen der Welt Preis
- Brücke Berlin Preis
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Физика на Тъгата“. audioknigi.bg. Посетено на 7 януари 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „„Физика на тъгата" на Господинов събуди литературно любопитство към България“. dnevnik.bg. 20.04.2015. Посетено на 07.01.2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ The Physics of Sorrow
- ↑ „„Физика на тъгата" донесе на Георги Господинов и швейцарската литературна награда „Ян Михалски"“. azcheta.com. 23 ноември 2016 г. Посетено на 23 ноември 2016 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)