Фаринели (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Фаринели“ (италијански: Farinelli) — филм на режисерот Жерар Корбио (Gérard Corbiau) од 1994 година, снимен по сценариото Андре (Andrée) и Жерар Корбио и Марсел Болие (Marcel Beaulieu). Главните улоги ги играат: Стефано Дионизи (Stefano Dionisi), Енрико Ло Версо (Enrico Lo Verso), Елза Цилберштајн (Elsa Zylberstein) и Жероен Крабе (Jeroen Krabbé). Во 1995 година, филмот ја освоил наградата „Златен глобус“ за најдобар филм на странски јазик, а исто така, бил номиниран и за наградата „Оскар“ во истата категорија.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Ова е животописен филм за прославениот италијански пејач кастрат од XVIII век, кој важи за еден од најголемите оперски пејачи во историјата. Браќата Карло (го игра Дионизи) и Рикардо (го игра Ло Версо) Броски се занимаваат со музика: Рикардо е композитор, додека неговиот кастриран брат има прекрасен глас. Меѓутоа, Карло има поголема дарба и наскоро станува многу познат, најпрвин во Италија, а потоа и ширум Европа при што е познат под името Фаринели. Рикардо истовремено му е менаџер на Фаринели, но кога композиторот Хендл (го игра Крабе) ќе почне соработка со Фаринели, Карло е навреден и доаѓа до кавга меѓу браќата...

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Film tjedna: Farinelli, francuski film (пристапено на 18.4.2024)“. Архивирано од изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2020-06-25. Посетено на 2024-04-20.