Фаренхајтов степен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Топломер со Фаренхајтови и Целзиусови степени

Фаренхајтова скала (Fahrenheit) — температурна скала осмислена во 1724 од холандско-германско-полскиот физичар Даниел Габриел Фаренхајт (1686–1736) и го носи неговото име.[1] Степенот на оваа скала се нарекува фаренхајт (со мали букви) и има симбол °F. На оваа скала замрзнувањето водата се дефинира како 32 степени, додека пак вриењето се одвива на 212 степени. Во највеќето земји оваа скала е заменета со Целзиусовата во средината на XX век или нешто подоцна,[2] но сè уште е официјална во САД, Кајманските Острови и Белизе.[3] Ранкиновата температурна скала се темели на Фаренхајтовата, но овде нулата означува апсолутна нула.

Дефиниција и претворање[уреди]

Формули за претворање на Фаренхајтов степен
од Фаренхајтов степен во Фаренхајтов степен
Целзиус [°C] = [K] − 273,15 [K] = [°C] + 273,15
Фаренхајт [°F] = [K] × 95 − 459,67 [K] = ([°F] + 459,67) × 59
Ранкин [°R] = [K] × 95 [K] = [°R] × 59

На Фаренхајтовата скала, точката на мрзнење на водата е 32 степени (°F), а точката на вриење е 212 °F (при стандарден атмосферски притисок). Ова значи дека точките на вриење и мрзнење се разликуваат за точно 180 степени.[4] Затоа, еден степен на скалата изнесува 1180 од интервалот помеѓу овие две точки. На Целзиусовата скала, оваа разлика изнесува 100 степени. Температурниот интервал од 1 Фаренхајтов степен е еднаков на интервал од 59 Целзиусови степени. Овеи две скали се сечат во −40 °F (−40 °F и −40 °C), т.е. ја претставуваат истата температура.

Апсолутната нула се дефинира како −273,15 °C или −459,67 °F. Ранкиновата скала е има интервали со иста големина како Фаренхајтовата скала, така што температурната разлика од еден Ранкинов степен (1 °R) е еднаква на разликата од 1 °F, освен тоа што апсолутната нула е 0 °R – исто како што Келвиновата скала се совпаѓа со Целзиусовата (апсолутната нула е 0 K.[4]

Употреба[уреди]

Фаренхајтовата скала била главен температурен стандард во метеорологијата, стопанството и медицината во англофонските земји сè до 1960-тите. Во доцните 1960-ти и раните 1970-ти, Целзиусовата скала (до 1948 позната како „центиград“) ја заменила Фаренхајтовата во голем број земји, во текот на ниванта метрификација.[5]

Фаренхајтот сè уште е сеприсутен во САД, Белизе и териториите Порторико и Американски Девствени Острови за секојдневна намена[3]. Во науката се применува целзиусот и келвинот во сите земји.[6] Во некои држави се наведуваат двете мерки.[7]

Во некои земји фаренхајтот се користи во секојдневието заедно со целзиусот. На пример, Канада по закон ги следи метричките единици како претпочитани, со правни дефиниции за традиционалните канадски единици.[8] Временската прогрноза е во целзиуси, но печките, на пример, по закон работат со фаренхајтови степени.[9] Канадските топломери (аналогни и дигитални) ги имаат обете скали.[10][11][12]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Robert T. Balmer (2010). „Modern Engineering Thermodynamics“. Academic Press. стр. 9. ISBN 9780123749963. http://books.google.com/?id=VC-RuN6moREC&pg=PA9&dq=fahrenheit+temperature+scale+inventor+book#v=onepage&q=fahrenheit%20temperature%20scale%20inventor%20book&f=false. конс. 17 јули 2011. 
  2. „Metric usage and metrication in other countries“. http://lamar.colostate.edu/~hillger/internat.htm. конс. 11 декември 2009. 
  3. 3,0 3,1 Belize National Meterotrological Service (17 јули 2011). „Current Conditions“. http://www.hydromet.gov.bz/. конс. 17 јули 2011. 
  4. 4,0 4,1 Walt Boyes (2009). „Instrumentation Reference Book“. Butterworth-Heinemann. стр. 273–274. ISBN 9780750683081. http://books.google.com/?id=ZvscLzOlkNgC&pg=PA273&lpg=PA273&dq=rankine+temperature+scale+book#v=onepage&q=rankine%20temperature%20scale%20book&f=false. конс. 17 јули 2011. 
  5. Валутата и мерките во Нов Зеланд (англиски)
  6. „782 - Aerodrome reports and forecasts: A user's handbook to the codes“. „World Meteorological Organization“. http://www.wmo.int/e-catalog/detail_en.php?PUB_ID=70&SORT=N&q=Aerodrome%20Reports%20and%20Forecasts. конс. 23 септември 2009. 
  7. Cayman Islands government weather service,
  8. „Canadian Units of Measurement; Department of Justice, Weights and Measures Act (R.S.C., 1985, c. W-6)“. 2011. http://laws-lois.justice.gc.ca/eng/acts/W-6/page-19.html#h-17. конс. 5 јуни 2011. 
  9. Pearlstein, Steven. „Did Canada go metric? Yes - and no“, „The Seattle Times“, 4 јуни 2000 (конс. 5 јуни 2011).
  10. „Example of analogue thermometer frequently used in Canada“. http://www.canadiantire.ca/AST/browse/2/OutdoorLiving/GardenDecor/ClocksThermometers/PRD~0429116P/12-in.%252BThermometer%25252C%252BWhite.jsp?locale=en. конс. 6 јуни 2011. 
  11. „Example of digital thermometer frequently used in Canada“. http://www.canadiantire.ca/AST/browse/3/HouseHome/HomeDecor/Thermometers/PRD~0429929P/Deluxe%252BWeather%252BStation.jsp?locale=en. конс. 6 јуни 2011. 
  12. Department of Justice (26 февруари 2009). „Canadian Weights and Measures Act“. Federal Government of Canada. http://laws.justice.gc.ca/eng/W-6/page-2.html. конс. 17 јули 2011.