Фазил Ахмет-пашина џамија

Координати: 41°42′37.8″N 21°47′10.2″E / 41.710500° СГШ; 21.786167° ИГД / 41.710500; 21.786167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фазил Ахмет-пашина џамија
Поглед на џамијата
Основни податоци
Местоул. „Цветан Арсов“ бр. 10
Велес, Македонија
Координати41°42′37.8″N 21°47′10.2″E / 41.710500° СГШ; 21.786167° ИГД / 41.710500; 21.786167
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Завршен1659
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија

Фазил Ахмет-пашина џамија или Црна џамијаосманлиска џамија во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1] Ова единствената преостаната џамија во градот.

Џамијата е сместена на левиот брјаг на Вардар, во маалото Црна Џамија наречено по неа. Изградена е од големиот везир Ќопрулу Фазил Ахмед-паша во 1659 година[2] откако му починала единствената ќерка. Пашата ја подигнал џамијата до гробот на девојката, и според преданието од тага наредил да се изгради од црн камен, од каде доаѓа и нејзиното име. Денес градбата е малтерисана бело.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. FAZIL AHMED PASHA MOSQUE[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]